МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ПРВА ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН КОЈА ЌЕ ДОГОВОРИ РОАМИНГ КАКО ДОМА СО ЕУ Од средината на март земјава ќе може да ги почне преговорите

Министерот за дигитална трансформација рече дека до средината на март земјава ќе биде подготвена за почнување преговори со ЕУ за укинување на роамингот со ЕУ.

1,475

Информацијата од Европската комисија од вчера покажува дека процесот е жив и ние сме вклучени во неговата реализација, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, откако вчера ЕК соопшти дека ќе почне билатерални преговори со земјите од Западен Балкан за укинување на роамингот.

-Како Влада веќе го утврдивме и текстот на последниот Закон за усогласување со што, како што ветивме, ќе бидеме меѓу првите земји целосно усогласени со барањата за Роаминг како дома – рече Андоновски.






Тој додаде дека не може да каже кога може да се очекува роаминг како дома со ЕУ, бидејќи како што рече, ЕУ први посебни договори и со сите телекомуникациските оператори во Европа и ѝ треба време тоа да го направи.

-Кон средина на март ние ќе бидеме подготвени со законските измени на Законот за електронски комуникации  и со правилниците. Законот е подготвен и ќе го пратиме во ЕУ за да проверат дали се е според она што го бара Унијата.Потоа оставаме простор и ЕУ да го направи својот чекор и очекувам дека тоа брзо ќе се случува – рече Андоновски.

Тој рече дека ова ќе значи дека граѓаните и бизнисите од Македонија ќе користат мобилни услуги во ЕУ без дополнителни трошоци.

Поврзани содржини