ЌЕРКАТА НА МОНИКА БЕЛУЧИ ПОЗИРАШЕ ВО ДОЛНА ОБЛЕКА Дева Касел го промовира новиот филм со актерот Жилиен де Сен Жан

Дева Касел, 21-годишната ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел, позираше за новото издание на француското списание Vanity Fair со актерот Жилиен де Сен Жан.

195

21-годишната ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел, Дева Касел, позираше за новото издание на француското списание Vanity Fair заедно со актерот Жилиен де Сен Жан.

Двајцата глумат во филмот „Le Fantome de l’Opera“ (Фантомот од операта), чија премиера се очекува во септември оваа година.






Дева, меѓу другото, позираше во долна облека и фустан од чипка. Стајлингот е на Тања Рат-Патрон, шминката на Јоланта Седро, а фризурата на Џон Нолет.

Фотографиите предизвикаа бројни позитивни коментари на социјалните мрежи.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel (@devacassel)

Режисерот на филмот Александар Кастањети изјави дека веднаш бил воодушевен од Дева. Зборувајќи за нејзината улога како Анастасија Мареску, младата актерка рече: „Ова е мојата прва улога во Франција. Тоа е проект кој е многу поголем од мене, како и сите што ќе следат. Па, секако, сакав сè да направам како што треба.“

Новинарката Норине Раџа се присети дека Моника Белучи позираше гола за насловната страница на истото списание во 2004 година додека беше бремена со Дева. „О да, точно“, одговори Дева со насмевка.

Кога ја прашале на што најмногу се сеќава од детството, таа одговорила: „Авиони. Поминав многу време во нив, со моите родители, сестрите, пријателите. Доживеав цела низа емоции во нив: радоста од пристигнувањето, тагата од напуштањето на некое место или личност.“

Поврзани содржини