ПОЛИЦИЈАТА НЕМИЛОСРДНА НА ПАТИШТАТА Фатени возачи без дозвола, со забрана и пијани

Контроли низ државата, најмногу приведени поради возење без дозвола.

164

Полицијата вчера приведе 15 возачи низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот – возење без дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол.

Според информациите од МВР, најголем дел од приведените, односно 10 лица, управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Тројца возеле иако имале изречена забрана за управување моторно возило од Б категорија, едно лице било фатено под дејство на алкохол, а еден возач истовремено возел без дозвола и во алкохолизирана состојба.






Од полицијата прецизираат дека по двајца возачи без дозвола биле откриени во Скопје, а по еден во Пробиштип, општина Старо Нагоричане, Куманово, Радовиш, Гевгелија, Гостивар, Тетово и Битола.

Во Скопје, Велес и Гостивар биле затекнати по еден возач што управувал возило и покрај активна забрана, додека во Штип бил приведен возач под дејство на алкохол. Во Кавадарци, пак, полицијата фатила лице кое возело и без дозвола и под дејство на алкохол.

Сите лица се задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случаите против нив ќе следуваат кривични пријави.

Од МВР упатуваат апел до возачите строго да ги почитуваат сообраќајните правила и да не седнуваат зад волан без положен испит, со изречена забрана или под дејство на алкохол.

Поврзани содржини