НОВА КОЛЕКЦИЈА, НОВИ ПРОВОКАТИВНИ ФОТОГРАФИИ ВО ДОЛНА ОБЛЕКА Сидни Свини ја претстави колекцијата „Midnight Snack“

Во кампањата за новата колекција на својот бренд SYRN, холивудската актерка позира со машки модел, со кого ја претставува унисекс линијата изработена од удобни памучни материјали.

159

Холивудската ѕвезда Сидни Свини повторно ги запали социјалните мрежи позирајќи во долна облека за својот бренд SYRN.

Актерката претстави нова колекција наречена „Midnight Snack“, која естетски е базирана на духот на 80-тите, но во модерна и заводлива верзија.






Во кампањата, таа позира со машки модел, со кого ја претставува унисекс линијата изработена од удобни памучни материјали. На една од фотографиите, Свини е клекната покрај моделот и му ја спушта долната облека, додека тој носи само боксерки, чевли и детаљ во форма на баркод залепен на грбот.

Актерката носи светло сина кошула од сопствената колекција, едноставна долна облека и високи потпетици, а стајлингот го комплетираше со поприродна шминка и опуштена фризура.

Во една од објавите, таа заводливо гледа во камерата додека го скенира баркодот на грбот на еден модел, дополнително нагласувајќи го разиграниот концепт на кампањата.

Објавите брзо предизвикаа лавина од реакции и коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney)

Поврзани содржини