📽️ СЕ ОБИДЕ ДА ГРАБНЕ ДЕВОЈЧЕ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО БЕРГАМО Драма во Италија, детето заврши со скршена бутна коска

Маж се обидел да грабне речиси двегодишно девојче среде шопинг во Бергамо, но бил совладан од родителите и минувачите за помалку од 30 секунди. Детето завршило во болница со фрактура на бутната коска, а осомничениот ќе се соочи со обвинение за обид за киднапирање и тежок напад.

454

Шокантен обид за киднапирање се случил во Бергамо, Италија, каде 37-годишен романски државјанин нападна семејство кое било на шопинг, пренесува романски Информант.

На снимката од безбедносните камери може да се види како мажот се обидува да го истргне девојчето старо речиси 2 години директно од рацете на мајката.






Целата сцена траела помалку од 30 секунди. Девојчето било пренесено во болница каде што лекарите констатирале скрешница на бутната коска.

 


Властите ги истражуваат мотивите на осомничениот. Според првичните информации, тој немал криминално досие во Италија. Мажот ќе се соочи со обвинение за обид за киднапирање и за сериозен напад.

Заменик-началникот на италијанската државна полиција нагласил дека инцидентот оставил силно емоционално влијание врз семејството.

Поврзани содржини