НАДМУДРУВАЊЕ СО „СЕЈФ СИТИ“ Се обиделе да ги прикријат таблиците, но полицијата не им даде шанса

Во текот на проверките биле контролирани 24 лица, прегледани 17 лица и четири возила, при што откриени се седум сообраќајни прекршоци.

1,549

Вчера навечер и до раните утрински часови, полицијата во Скопје спроведе засилена акциска контрола низ Центар и низ Бит Пазар, по што лиши од слобода две лица. Причина: управување со патнички возила со прикриени регистарски ознаки.

Возачите С.С. и М.А. кои управувале патнички возила „мерцедес“ и се сомнева дека сториле кривични дела за прикривање на ознаки. За време на контролната акција откриен е и еден прекршок поврзан со оружје. Двете возила им биле одземени.






Во текот на проверките биле контролирани 24 лица, прегледани 17 лица и четири возила, при што откриени се седум сообраќајни прекршоци.

Полицијата исто така вршела превентивни обиколки во паркот на Капиштец, околу угостителскиот објект на булеварот „Партизански одреди“ и кај игралиштето „Дрвен Град“, каде што често се собираат малолетници.

Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период со цел одржување на редот и безбедноста на централните градски подрачја.

Поврзани содржини