📽️ МАСКИРАНИ НАПАЃАЧИ СО ЕКСПЛОЗИЈА ГО СТОПИРАА СООБРАЌАЈОТ Филмски грабеж и престрелка со карабинери кај Лече
Вооружена група пресретна оклопни возила на автопатот Лече–Бриндизи, двајца осомничени се уапсени, а патот е затворен.
Вистинска акција како од криминален филм се одвиваше утрово на југот на Италија, кога вооружена група нападна оклопни возила на автопатот Лече–Бриндизи, при што имаше престрелка со карабинерите.
Инцидентот се случил утрово на државниот пат 613, во близина на раскрсницата Тутурано, кога напаѓачите пресретнале најмалку две оклопни комбиња на компанијата БТВ Батистоли, специјализирана за транспорт на вредности.
Според првичните информации, напаѓачите поставиле автомобил попреку на патот и го запалиле, со што го принудиле оклопното комбе да запре. Веднаш потоа избила престрелка со карабинерите, кои реагирале на нападот. За среќа, засега нема пријавени повредени.
Карабинерите од покраинската команда на Лече, под координација на полковникот Андреа Сијацу, уапсиле две лица, осомничени дека се дел од вооружената банда. Тие биле лоцирани во северниот дел на Саленто, каде што безбедносните сили веднаш го насочиле пребарувањето.
Според истражните органи, уапсените патувале со автомобил, а истрагата е во тек. Се сомнева дека во нападот учествувале и други членови на бандата, кои засега се во бегство. Италијанските медиуми наведуваат дека мета на нападот не било само едно, туку повеќе оклопни возила, иако таа информација сè уште се проверува.
По инцидентот, државниот пат 613 Бриндизи–Лече е целосно затворен во двата правци, на делницата од километар 8.300 до 12.800, во реонот на Сан Пјетро Вернотико, соопшти италијанската агенција АНАС.
Сообраќајот е пренасочен по алтернативна рута, преку поранешниот државен пат 16, додека на терен се присутни карабинери и пожарникари кои работат на обезбедување на местото и нормализирање на сообраќајот.
la rapina portavalori oggi lunedi 09\02\2025 osservate pic.twitter.com/ZlcwODVKag
— CRUDELIA DE MON (@Crudeli45198835) February 9, 2026