ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО МЕГАН МАРКЛ ГО ИЗНЕНАДИ СВОЈОТ ПРИНЦ Слатка чоколадна носталгија во пресрет на Денот на вљубените

Меган Маркл сподели слатко видео во кое му подарува на својот сопруг Хари чоколадо од колекцијата на нејзиниот бренд за Денот на вљубените.

138

Меган Маркл сподели сладок и интимен момент од нејзиниот приватен живот на Инстаграм – видео во кое го изненадува принцот Хари со едно од чоколадите од нејзината колекција за Денот на вљубените, од својот лајфстајл бренд „As Ever“.

Видеото го прикажува Хари како широко се насмевнува додека Меган му приоѓа со кутија чоколадни плочки. Кога таа му ја подава посластицата, изненадениот принц избира едно и кога ѝ ја враќа кутијата, ѝ вели „Те сакам“.






Фото: Принтскрин

Чоколадните плочки As Ever се веќе познати по тоа што се распродадоа за само неколку минути кога беа првпат лансирани. Тие користат состојки што Меган често ги користи, како што се намаз од малина и цветни трошки, а нивната цел, според брендот, е да разбудат „слатка носталгија“.

Понудениот спектар на вкусови вклучува темно чоколадо со малина и морска сол, бело чоколадо со цветни трошки и семки од коноп и млечно чоколадо со кекси и пчелин полен.

Меган соработуваше со познатиот чоколадер Џонатан Греам од „Compartés“ на проектот, а чоколадните плочки се продаваат за 12 долари по парче.

Меган, исто така, сподели кратки снимки од процесот на правење чоколадо во своите Инстаграм приказни, додека на официјалниот профил на „As Ever“ објави своја фотографија со куп елегантно завиткани подароци со пораката „Работите ќе станат послатки“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @aseverofficial

Брендот, исто така, лансираше и лимитиран романтичен пакет пред Денот на вљубените, по цена од 185 долари, со порака дека романсата не треба да трае само еден ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @aseverofficial


Сето ова доаѓа во време кога се шпекулира дека Нетфликс серијата на Меган „Со љубов, Меган“ нема да се врати за трета сезона поради лошите резултати од првите сезони, и сега планира повеќе да се фокусира на развој на својот лајфстајл и содржината на социјалните мрежи.

Дека продажбата можеби не оди како што очекуваше, покажува пишувањето на американските медиуми, според кои производите „As Ever“ се делат бесплатно на Нетфликс.

Поврзани содржини