УГОСТИТЕЛИТЕ ЗА ЕДНА ГОДИНА ГИ ЗГОЛЕМИЛЕ ЦЕНИТЕ ЗА 3,4% Најголемо поскапување има кај алкохолните пијалаци

За една година угостителите ги намалиле цените на ноќевањата за 12,3%.

670

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2% во однос на претходниот месец, а во споредба со јануари 2025 година се повисоки за 3,4%, објави Државниот завод за статистика.

Според овие податоци во во јануари 2026 година во однос на декември 2025 година, угостителите ги зголемиле цените на храната за 0,3 %, а на алкохолните пијалаци за 0,2 %. Цената на безалкохолните пијалаци и ноќевањата останале исти како и во декември лани.






На годишна основа (јануари 2026 – јануари 2025 година) цените на угостителските услуги најмногу поскапеле кај алкохолните пијалаци  за 9,1%, потоа кај  храната пораснале за 7,8%, и кај безалкохолните пијалаци за 5,3%.

За една година угостителите ги намалиле цените на ноќевањата за 12,3%.

Во 2025 година, пак, во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4.8 %.

Поврзани содржини