📽️ ЏИШ ЦРВЕН ЛЕД ОД 210 МЕТРИ НА АРЕНАТА „ТОДОР ПРОЕСКИ“ Нова визуелна ера за македонскиот фудбал

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, потврди дека станува збор за трајна инвестиција, без изнајмување и без привремени решенија, со јасна цел – модерни стандарди и професионален изглед на најголемиот спортски објект во државата.

329

Фудбалската инфраструктура во Македонија влезе во нова визуелна ера. Фудбалска федерација на Македонија инвестираше во нов, сопствен ЛЕД-екран со вкупна должина од 210 метри на Национална арена „Тодор Проески“, потег што директно го менува доживувањето на секој натпревар.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, потврди дека станува збор за трајна инвестиција, без изнајмување и без привремени решенија, со јасна цел – модерни стандарди и професионален изглед на најголемиот спортски објект во државата.






Споделувајќи снимка од црвената трака која го краси стадионот тој напиша:


„До сега, единствено во Македонија рекламите на стадионите се поставуваа преку ‘дрвени табли’. Правиме исчекор кон современите стандарди. Без изнајмување, со јасна визија. Уште едно исполнето ветување, уште еден конкретен чекор кон професионализација и стандарди какви што заслужуваат репрезентацијата, публиката и фудбалот во Македонија“.

Поврзани содржини