УНГАРИЈА ЈА ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НУКЛЕАРКАТА „ПАКШ 2“ Европската Унија и САД дадоа согласност да ја гради руски „Росатом“

Нуклеарката „Пакш 2“ ќе има два нови реактор, секој со капацитет од 1.200 мегавати, а ја гради глобалниот и руски нуклеарен гигант „Росатом“ на принципот „клуч на рака“.

205

Поради чистото и стабилно производство, проектот за нуклеарната централа „Пакш 2“ во Унгарија е ослободен од санкциите и на САД и на Брисел.

Подготвителните работи за новата нуклеарна централа започнаа пред две години, а денеска е официјалниот почетокот на изградбата на петтиот реактор на новата нуклеарна централа.






Пакш 2 ќе има два нови реактор, секој со капацитет од 1.200 мегавати. „Пакш 2“ го гради глобалниот и руски нуклеарен гигант „Росатом“ на принципот „клуч на рака“. Компанијата доби дозвола за изградба на реакторите од американското Министерство за финансии во ноември.

Нуклеарната централа „Пакш“ веќе има четири реактори со вкупен капацитет од 2.000 мегавати, исто така изградени со руска технологија. Првиот беше пуштен во употреба во 1982 година.

Уделот на нуклеарната енергија во енергетскиот микс на Унгарија сега надминува 36%. А кога ќе биде завршен Пакш 2, тој удел ќе се удвои.

Работниот век на реакторот е 60 години со можност за продолжување за уште 20 години.

Нуклеарната централа Пакш, која се наоѓа на 100 километри од Будимпешта, покрива 45% од потрошувачката на електрична енергија во Унгарија. А кога ќе биде завршена, Пакш 2 ќе придонесе не само за стабилноста на земјата, туку и за европскиот енергетски пазар.

 

Поврзани содржини