ВО 2024 ГОДИНА ОД РАК ПОЧИНАЛЕ 3.958 ЛИЦА Од нив 860 имале рак на бели дробови

Статистичките податоци покажуваат дека вкупниот број починати лица од малигни неоплазми на бронхии и на бели дробови во 2024 година изнесува 860, од кои бројот на мажи е поголем, во однос на бројот на жени.

53

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува ризик фактор за малигни заболувања, а посебно за рак на бели дробови.

Според податоците на Институтот за јавно здравје водечка причина за смрт во земјава во 2023 и во 2024 година се малигните неоплазми на бронхиите и на белите дробови.






– Употребата на тутун е водечка причина за рак кој може да се спречи. Статистичките податоци покажуваат дека вкупниот број починати лица од малигни неоплазми на бронхии и на бели дробови во 2024 година изнесува 860, од кои бројот на мажи е поголем, во однос на бројот на жени. Откажувањето од пушење значително го продолжува животниот век и квалитетот на животот, и токму на Светскиот ден за борба против ракот, уште еднаш апелираме на важноста од донесување на новиот предлог-закон за заштита од пушењето, со цел заштита на здравјето на сите граѓани – вели министерот за здравство Азир Алиу.

Покрај употребата на тутун, други ризик фактори за малигни заболувања се и прекумерната дебелина, употребата на алкохол, недоволната физичка активност, неправилната исхрана.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, вкупниот број починати лица од малигни неоплазми во 2024 година изнесува 3.958, од кои 2.325 се мажи, а 1.633 се жени. Во истата година, бројот на починати од неоплазми на возраст над 65 години е речиси двојно поголем од бројот на починати до 64-годишна возраст.

 

Поврзани содржини