СЛАВЕА РОДЕНДЕНИ ВО ИСТ ДЕН, А ПОТОА НАПРАВИЈА СКАНДАЛ И СЕ РАЗВЕДОА Шакира прослави 49, а Жерар Пике – 39 години

Шакира и Жерар Пике ги славеа своите родендени заедно со години, а по болното раскинување, односно, неверството на Пике за кое пејачката, наводно открила благодарение на мармаладот од јагоди, таа изгледа подобро од кога било.

138

Некогаш еден од најпознатите парови меѓу славните, колумбиската пејачка Шакира и поранешниот фудбалер Жерар Пике ги славеа своите родендени заедно со години. Имено, обајцата се родени на 02 февруари, но Шакира е родена цела деценија пред Пике.

Сепак, по болното раскинување, односно, неверството на Пике за кое пејачката, наводно открила благодарение на мармаладот од јагоди, таа изгледа подобро од кога било.






Колумбиската убавица Шакира го прослави својот 49-ти роденден, а многу фанови ширум светот повторно се воодушевени од фактот што таа изгледа речиси исто како на почетокот на нејзината кариера.

Иако со години важеа за еден од најстабилните парови на светската сцена, нивната врска заврши бурно и со голем медиумски интерес.

Парот беше заедно 11 години, а нивното раскинување се претвори во еден од најкоментираните скандали во последните години.

Посебно внимание во јавноста привлече приказната според која Шакира, наводно, дознала за неверството на Пике – поради џемот од јагоди. Имено, пејачката забележала дека некој во куќата го јаде џемот што никој друг освен неа вообичаено не го консумирал, што, според бројни извори, бил еден од моментите што довеле до откривање на неверството.

Иако зад себе имаше тежок емотивен период, Шакира денес изгледа посилна од кога било – посветена на своите деца, кариера и ново поглавје во животот.

А судејќи според нејзиниот изглед и енергија, нејзиниот 49-ти роденден е само уште еден доказ дека за неа, годините се навистина само бројка.

Поврзани содржини