ВЛАДАТА НЕ ПЛАНИРА ДА ГИ ЗГОЛЕМИ ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ Дурмиши вели дали минималната плата законски ќе порасне за 7 или 8%

Лани владата одлучи да ги ограничи платите на функционерите, односно предвиде тие да се зголемуваат како и платите на сите други вработени во јавниот и приватниот сектор.

98

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска информира и дека не е донесена одлука за зголемување на платите на функционерите, но рече дека владата стои на ставот дека нема да ги зголемува платите на функционеите.

Лани владата одлучи да ги ограничи платите на функционерите, односно предвиде тие да се зголемуваат како и платите на сите други вработени во јавниот и приватниот сектор.






– Ќе видиме каква е ситуацијата откога овој месец ќе излезат податоците од Државниот завод за статистика и соодветно ќе постапиме. Лани донесовме одлука со која ги ограничивме платите на функционерите, односно предвидовме да се зголемуваат како и платите на сите други вработени во јавниот и приватниот сектор. Овој месец ќе излезат податоците од Државниот завод за статистика од кои ќе видиме каква е ситуацијата и соодветно ќе постапиме. Стоиме на тој став дека нема да донесеме одлука со која ќе се зголемат платите на функционерите – рече Дурмиши.

Тој посочи и дека минималната плата ќе биде нивелирана или зголемена во март за 7 или 8 отсто, што значи дека во 2028 година ќе имаме зголемување за 40-ина проценти.

– Значи, да излезат податоците и ќе донесеме одлука – како што постапивме лани така ќе постапиме и оваа година – истакна Дурмиши.

Дурмиши и денеска го повтори ставот на Владата дека ќе го поддржи секој предлог што ќе биде заеднички прифатен и од синдикатите и од работодавачите во однос на висината на минималната плата.

Тој вели дека треба да има зголемување и на минималната и на другите плати, но тоа мора да биде постепено, со сигурност и во стабилна економска рамка.

– В четврток имаме состанок со синдикатите од УПОЗ, идните денови ќе има и седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), на која, најверојатно, ќе бидат присутни и синдикатите и рабодотавачите. Ако предлогот биде прифатен од сите фактори, односно од сите членови на ЕСС, ние како Влада и Министерство сме таму да ги поддржиме. Нашиот став во рамките на ЕСС сме го кажале од почеток – ако се договорат синдикатите и работодавачите, ние сме таму да им излеземе во пресрет на двете страни. Ние ја гледаме целата слика, ја имаме предвид сликата на сите граѓани – и на вработените во јавниот сектор и на вработените во приватниот сектор. Сме го кажале ставот и стоиме на тоа – да има зголемување на минималната и на другите плати во јавниот сектор, но тоа да биде постепено, со сигурност, да има стабилна економска рамка – потенцира Дурмиши.

Тој рече и дека Владата веќе ги зголеми платите во јавниот сектор.

– Ги зголемивме платите уште првата година во здравството, образованието, полицијата, пензиите… Ние со вработените во јавниот сектор имаме договор преку трипартитниот дијалог и речиси 85 % веќе се решени. Останаа уште 7.700 вработени, но и со нив предложивме да седнеме, да се договориме, да им излеземе во пресрет – истакна Дурмиши.

 

Поврзани содржини