ТРАМП ИМА НОВ ПРОЕКТ ОД 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Ќе прави стратешки резерви на ретки метали

Проектот, наречен Проект Веулт, првично ќе биде финансиран со заем од 10 милијарди долари од американската Експорт-импорт банка и речиси 1,67 милијарди долари приватен капитал.

229

Администрацијата на претседателот на САД  Доналд Трамп, планира да инвестира речиси 12 милијарди долари во создавање стратешка резерва на ретки земни метали, со цел да се намали зависноста од Кина и нејзиниот монопол во производството на овие метали, објави денеска Стејт департментот.

Проектот, наречен Проект Веулт, првично ќе биде финансиран со заем од 10 милијарди долари од американската Експорт-импорт банка и речиси 1,67 милијарди долари приватен капитал.






Резервите, како што рече Трамп се наменети да спречи недостиг во снабдувањето за американските компании.

Според планот, американските компании ќе можат да купуваат критични минерали од резервите по однапред договорени цени, што ќе ги заштити од глобални прекини во снабдувањето и флуктуации на цените. Од компаниите ќе се очекува да ги надополнат резервите по нивното користење.

Ретките земни метали се користат во низа хај-тек производи, вклучувајќи магнети, електрични возила и електроника. Други минерали кои се сметаат за критични се литиумот и кобалтот.

Кина контролира околу 70% од глобалното рударство на ретки земни метали и 90% од нивната преработка, што ѝ овозможи да доминира во секторот, поради што САД развиваат алтернативни извори и стратешки резерви слични на националните резерви на нафта.

Стратешката резерва ќе биде во фокусот на министерскиот состанок за критични минерали, кој ќе го организира американскиот државен секретар Марко Рубио во Стејт департментот в среда.

Се очекува учество на претставници од 50 европски, африкански и азиски земји, со потпишување на неколку билатерални договори за подобрување и координација на синџирот на снабдување.

Поврзани содржини