ЌЕ СЕ ГРАДИ БУЛЕВАРОТ „ЦВЕТАН ДИМОВ“ ВО ЧАИР Градоначалникот Меџити вели дека нема пречки

Доколку евентуално на некој граѓанин му биде одземен дел од неговиот имот, тој ќе биде правично обесштетен - изјави градоначалникот на Чаир.

87

Градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити вчера во емисијата Клик Плус на ТВ21 информираше дека изградбата на булеварот „Цветан Димов” веќе е вклучена во буџетот на Град Скопје и дека процесот ќе продолжи без одложувања.

Според Меџити, интензивно се работи за да се обезбеди целата потребна документација и да се најдат решенија кои нема да ги оспорат градежните работи. Тој нагласи дека најкритичната точка останува станбениот објект спроти основното училиште „Лирија”.






– Нема деловни објекти што треба да се уриваат. Доколку евентуално на некој граѓанин му биде одземен дел од неговиот имот, тој ќе биде правично обесштетен – изјави Меџити.

Меџити беше дециден дека проектот ќе се реализира.

– Изградбата на булеварот ‘Цветан Димов’ ќе се реализира, тука нема дилеми – рече градоначалникот.

Поврзани содржини