ТАНЧЕРКИ СО РЕКВИЗИТИ ИЗВЕДУВАА ШОУ СО ПОМОШ НА ОГАН Гостин и сведок ја опиша кобната вечер во „Пулс“ на судското рочиште

Никој не водеше ред, секој гледаше да се спаси. Откако паднав на скалите, се сеќавам дека лежам најдолу, ги имав одминато сите скали. Пробав да станам, ама нозете ми беа приклештени од други луѓе. Кога излегов се упатив кон колата видов дека двајца-тројца полицајци стоеја на страна и не преземаа никакви активностии да извлекуваат луѓе. Можеби барале координација, помош од колеги, ама стоеја на страна и не извлекуваа.

1,617

Во продолжение на денешната судска постапка за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во која загинаа повеќе од 60 луѓе, а повеќе од 200 беа повредени, сведочеше Иван Данаилов, гостин во дискотеката во кобната ноќ.

Тој рече дека таа вечер бил повикан на роденден во Пулс од свој другар.






– Пристигнав околу 50 минути по полноќ. Пристигнав сам, купив билет од билетарата десно, од човекот кој секогаш продаваше билети, Тодор. Не ми даде фискална сметка, никогаш не сум добил фискална во таа дискотека. Пред дискотеката имаше обезбедување, но не можам да се сетам кои беа. На влезот имаше двајца таа вечер, а претходно сум забележал и други луѓе.

На прашање на Јавното обвинителств дали му бил побаран документ за идентификација, сведокот одговори одречно, но рече дека додека бил малолетен му барале лична карта.

На барање на обвинителот да го опише влезот на дискотеката.

– Има скали, десно е шалтерт на билетарата, после скалите има една врата, има еден дел како мал ходник, после уште една двојна врата, како каубојска, после која сте во дискотеката. Да, имаше уште еден влез/излез, лево од самата бина, во аголот, на другиот крај, но никогаш не сум водел некој да ја користи.

Обвинителот праша како изгледал делот наменет за гости.

– Кога се влегува внатре, после сите врати, лево се тоалетите како во тунел, па преграда зад која беше дискотеката, маси, шанкови и на крај бината. Лево и десно се двата шанка, централно внатре на крајот е бината, осанатиот простор беа маси. Последната година имаше вршено реновирање. Претходно над двата шанка имаше две тераси, кои во реновирањето беа отстранети. Имаше промена и на бината. Претходно беше во форма на буквата П, а потоа беше проширена кон напред.

Обвинителството праша во кој дел од дискотеката бил сведокот вечерта и како течел настанот?

– Бев во првиот ред маси пред бината. Вечерта се одвиваше нормално, пред настапот на бендот имаше диџеј, се течеше во нормален ред. Настапот на бендот почна во 2 часот по полноќ и траеше до настанувањето на пожарот. Дискотеката беше полна, не знам точна бројка. Меѓу масите беше тесно и отежнато се поминуваше. Забележав и малолетн.

Дали обезбедувачите влегоа внатре во текот на вечерта, праша обвинителот.

– Бев свртен со грб кон диското, со лице кон бината и не знаев што се случува зад мене. Не забележав полицајци, но пејачот на бендот Панчо, за време на настапот рече дека влегле полциски службеници во некаква акција. Рече, еве влегоа полицајци, бидете културни кон нив. Не знам во колку часот, ова беше кратко пред настанување на пожарот. Полицијата не ја прекина забавата. И порано сум забележувал полицајци, а и мене ми имаат барано лична карта да видат дали сум полнолетен. Имало и унифромирани полицајци и во цивил.

На прашање дали на претходни посети забележал пиротехники стедства, сведокот рече:

– Да. Најчесто за време на некои специјални пригоди, концерти и родендени, но не секоја вечер. Во најголем дел од настапите прскални, а имаше и огнени шоуа, танчерки со реквизити изведуваа шоу со помош на оган.

Обвинителот праша кога настана пожарот?

– Во 2.32. Прво со другарите на масата не го видовме, беше директно над нашите глави, надвор од нашето видно поле. Потоа од бендот го видоа и рекоа на микрофонот дека настанал пожар, побараа помош, сопственикот да доонесе ПП апарати, музиката престана.

Дали забележавте ПП апарат, праша обвинителот.

– При излегување кон надвор, се разминав со Михајло, кој влегуваше внатре со ПП апарат во раце, му направив простор да помине. А веќе имаше некој од бината кој го гаснеше пожарот со друг ПП апарат. Откако забележавме дека ситуацијата е сериозна и пејачот рече да излеземе надвор. При пристигнување кон излезот веќе беше настанато стампедото. Се чувствуваше загушливост од чад, тешко се дишеше. Следно што се сеќавам е дека во таа тутрканица се обидувавме сите да излеземе на нозе. Успеав да стигнам до скалите, некој од толпата пред мене се сопна и сите заедно, толпа се срушивме на скалите и се затрупавме едни врз други.

Обвинителот праша дали некој ги упатувал на каде да се движат.

– Никој не водеше ред, секој гледаше да се спаси. Откако паднав на скалите, се сеќавам дека лежам најдолу, ги имав одминато сите скали. Пробав да станам, ама нозете ми беа приклештени од други луѓе. Пред мене се појави Столе од обезбедувањето, му побарав помош, му пружив рака, тој ме фати и ме извлече од гужвата и сакам јавно да му се заблагодарам за тоа. Трнав да ги барам другарите, да видам дали излегле.

Не се сеќавам кои двајца стоеја на врата. Обезбедување, инаку, од претходно знам, беа Столе Димитриев викан Боја, Мартин Ѓорѓиев викан Пирка, Ивица Грозданов и Лазар Захариев.

На прашање дали надвор видовте полицајци, свеокот потврди.

– Откако се упатив кон колата видов дека двајца-тројца полицајци стоеја на страна и не преземаа никакви активности да извлекуваат луѓе. Можеби барале координација, помош од колеги, ама стоеја на страна и не извлекуваа.

Бевте ли повреден, праша обвинителот.

– Фала му на Бога, не.

Што се случи откако излеговте?

– Почнав да телефонирам по другарите, се најдов со дел од нив. Веќе почнаа да излегуваа од дискотеката, некои полесно повредени. Се сетив што може да биде од помош. Отидов во колата па до бензинска, купив неколку пакети вода и понав да ги делам на повредените. Тогаш почнаа да излегуваат потешко повредени, со одрани кожи, нудев да ги превезам повредените, ми рекоа дека за сите имаат превоз. Неколку пати отидов д бензинската купував вода, ама после некое време полицијата не дозволуваше пристап кон дискотеката.

Ивана Коцевска, бранителка на обвинетиот Деко Јованов, побара сведокот да го појасни сведочењето за споредната врата.

– Како посетител на кабарето „Пулс“, детално ја опишавте влезната врата, рековте дека има друг влез/излез. Кажавте и дека немате видено дека некој ја користи таа врата, која е покрај бината, дали сте сигрни дали била во функција или не, праша бранителката.

– Не сум видел дека некој влегува и излегува, но при контроли имам видено дека полицајци зстануваат пред таа врата за некој да не излезе. Доколку била во функција, некој можел да излезе, не знам дали била во функција.

Александар Новаковски, бранител на обвинетиот Тодор Јованов, праша:

– Рековте дека од десна страна е шалтер на билетарата, дали е таа одвоена од скалите?

Да.

Дејан Стојчев, бранител на Јане Јанчевски, праша дали МВР како на малолетен во самиот објект му барал лична карта.

– Да, при полициски акции ми барале, ама како полнолетен, како малолетни не. Не сум видел дека некој малолетен е идентификуван и отстранет од дискотеката од страна на полицијата.

Бранителот на обвинетиот обезбедувач Стојанче Димитриев, праша:

– Рековте дека и покрај тоа што сте биле затрупани со луѓе, Стојанче успеал да ве извлече. Дали тој спаси и други лица?

– Откако ме извлече мене и јас застанав на нозе, веднаш тргнав подалеку од дискотеката и не сум видел, но тој остана таму откако ме извлече мене.

На прашање дали пиротехниката таа вечер била поинаква од вообичаено, сведокот одговори:

– Не, не беше разлика од пиротехниката во други вечери. Ми привлече внимание откако настана пожарот. Кога прстигнав во дискотеката поротехниката веќе беше поставена на бината. Забележав три прскалки на кои имаше антени, за кои претпоставувам се за далечинско активирање. Не забележав дека некој рачно ги активира, тие беа вклучени далечински.

Адвокатот Петре Шилегов праша:

– Кажавте дека сте биле во првиот ред до самата бина. Дали во кој било момент сте го виделе овинетитот Шофкет Хазари околу бината техниката, прскалките?

– Не, одговори сведокот.

– Адвокатот праша дали го видел да активира прскалки, сведокот рече „не“.

Адвокатот Ванчо Шехтански праша дали сведокот може да се сети од која прскалка почна да гори плафонот, првата, втората или третата, но сведокот не можеше да одговори.

– Спомнавте дека имало и излезна врата. Дали таа вечер имаше полиција пред таа врата – праша Шехтански.

– Таа вечер не забележав полициски службеници внатре – рече сведокот

Судијата го праша сведокот како знае дека во дискотеката има малолетници, на што тој одговори дека многу од нив ги познавал лично и знаел дека немаат 18 години.

Поврзани содржини