📽️ ДЕТЕ СПАСЕНО ОД ТАКСИ ШТО ТОНЕ Тројца хеори ја извлекле и мајката на момчето од возилото

Драматичното спасување на дете и неговата мајка од полупотопено такси ја воодушеви јавноста ширум светот.

270

Видео од драматично спасување на дете и неговата мајка од такси кое го носела реката стана вирално на социјалните мрежи. Инцидентот се случил во студена ноќ во рускиот регион Дагестан.

На снимката се гледа како тројца мажи, ризикувајќи ги сопствените животи, влегуваат во надојдената река за да спасат момче кое било заглавено во возило заедно со мајка му. Таксито било полупотопено и силната струја го носела надолу по реката.






Во еден момент, еден од мажите се искачува по греда над реката, додека автомобилот опасно се приближува. Потоа, друг маж, облечен само во долна облека, внимателно се спушта по гредата за да стигне до возилото. Третиот спасувач го држи за нозете, обезбедувајќи му стабилност додека се обидува да го извлече детето.

Со заеднички напор, тие успеваат да го извадат момчето од автомобилот и да го пренесат на безбедно. Неколку моменти подоцна, од возилото е спасена и неговата мајка, која исто така била заробена во таксито.

За среќа, и возачот на автомобилот успеал да се извлече без сериозни повреди.

Еден од спасувачите е идентификуван како Асадул Магомедов, ученик во училиштето на покојниот Абдулманап Нурмагомедов и човек кој го носи името на легендарниот ММА тренер.

Снимките од храбрата интервенција за кратко време се проширија на социјалните мрежи, предизвикувајќи лавина реакции.

– Ова не е филм, ова е само уште еден обичен ден во Дагестан – напиша еден корисник под видеото.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Independent (@the.independent)

Поврзани содржини