📽️ ЌЕ БИДЕМЕ СО САД, МЕ БОЛИ АКО МИСЛИТЕ ПОИНАКУ Руте го убедуваше Трамп дека европските војски стојат зад американската

Дозволете ми да ви кажам, ако Америка некогаш биде нападната, Европа ќе биде таму. Без сомнеж. Апсолутно, гарантирам. И навистина сакам да ви го кажам ова. Ме боли што мислите дека тоа не е така. Со вашето лидерство НАТО е посилно од кога било, му рече генсекот на НАТО на шефот на САД на средбата во Давос.

606

„На секои двајца Американци кои го загубија животот таму, имало еден војник од НАТО што не се вратил дома. Од Холандија, од Данска и особено од други земји. Бевме таму со вас, бевме таму за вас “.

Вака му одговори генералниот секретар на НАТО Марк Руте на шефот на САД кој ја обвини Данска дека е неблагодарна за заштитата што ја имала од САД во Втората светска војна.






– Знам дека ние би биле таму за нив. Не знам дали би биле таму за нас – изјави претходно Трамп за актуелната состојба на Гренланд и можното испраќање војска.

Руте не ја премолчи провокацијата.

– Дозволете ми да ви кажам, ако Америка некогаш биде нападната, Европа ќе биде таму. Без сомнеж. Апсолутно, гарантирам. И навистина сакам да ви го кажам ова. Ме боли што мислите дека тоа не е така. Со вашето лидерство НАТО е посилно од кога било.

Го потсети Трамп дека Обединетото Кралство изгубило 457 војници во Авганистан, додека Данска имала најмногу жртви по глава на жител меѓу сите членки на НАТО.

 

Според британскиот весник „Дејли Мејл“, земјите-членки на НАТО претрпеле стотици жртви за време на војната, која започна по нападите врз Светскиот трговски центар во Њујорк на 11 септември. Весникот пишоува дека Обединетото Кралство изгубило 457 војници, а Франција, Германија, Италија и Данска исто така претрпеа многу жртви.

Трамп и Руте по средбата објавија дека има напредок во преговорите за Гренланд. Трамп изјави дека нема да употреби сила за присвојување на Гренланд и дека нема да ги воведе најавените царини до 25% за ЕУ од 1 февруари.

Тој спомна дека договорот може да вклучува права за минералните богатства на Гренланд и соработка за одбранбениот систем „Златна купола“ на САД.

Руте изјави дека разговорот за Гренланд бил многу добар, но дека има уште многу работа до целосен договор.

Поврзани содржини