ЃОКОВИЌ СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ТРЕТОТО КОЛО Следен противник му е Ботик ван де Зандшулп од Холандија

74

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ рано утрово го победи Италијанецот Франческо Маестрели во второто коло на Австралија опен.

Мечот траеше 2 часа и 16 минути и заврши во три сета – 6:3, 6:2 и 6:2.






Ѓоковиќ сервираше пет аса, направи четири двојни грешки и реализираше шест од 16 брејк топки. Неговиот противник сервираше десет аса, направи четири двојни грешки и реализираше една од петте брејк топки.

Во третото коло, 38-годишниот Србин ќе се соочи со Ботик ван де Зандшулп од Холандија.

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Мелбурн изнесува 74,9 милиони долари.

Поврзани содржини