ЦИКЛОН ОД ЏЕНОВА НОСИ НОВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО Викендов ќе затопли, а од понеделник дожд и снег
По краткотрајната стабилизација и престанок на врнежите која што не очекува во наредните два до три дена, веќе особено од недела и навечер како и во понеделник во Македонија под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џенова ни следува нова голема промена на времето.
Ќе имаме зголемена облачност со пообилни врнежи од дожд проследени со засилен јужен и југоисточен ветер а ќе има услови и за локална појава на нестабилност проследена со грмежи. На планините ќе врне снег и ќе се зголеми постоечката снежна покривка. За време на овој период ќе наврне ново значително количество на воден талог и тоа локално над 30 литри воден талог на квадратен метар.
Деталната прогноза на метеопрогнозерот Славчо Поповски на следниот ЛИНК.