ДОАЃА СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА Пообилни врнежи ќе има во западните и во јужните предели

Во среда на 21 јануари во Македонија од југозапад ќе се прошират врнежи кои ќе бидат најмногу од снег и тие особено во јужните и во западните предели ќе бидат пообилни каде очекувам формирање и проширување на снежната покривка а на високите  и на планинските места истата ќе се зголеми.

10,463

Под влијание на циклонска активност и на влажна воздушна маса од Медитеранот која ќе биде поврзана со ладен воздух од север и од североисток на Европскиот континент, ноќта вторник кон среда и во среда во Македонија од југозапад ќе се прошират врнежи кои ќе бидат најмногу од снег и тие особено во јужните и во западните предели ќе бидат пообилни каде очекувам формирање и проширување на снежната покривка а на високите  и на планинските места истата ќе се зголеми.

Во западните  и во јужните предели во градовите ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен а во Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец






Повеќе за прогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини