ТРЕТИОТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР ВЛЕГУВА НА СЦЕНА, НАЈАВИ НИКОЛОСКИ Поголем избор и натпревар за подобри услуги
Процесот можеше да заврши пред три, четири месеци но зaради локалните избори, целиот процес се одложи и еве конечно завршува, вчера беше донесена одлуката во рок од 10 дена 4iG да го плати надоместокот кон државата и после тоа да почнат да работат, секако тие си имаат свои бизнис планови на кој начин тоа ќе го реализираат, изјави вицепремиерот Николоски во ТВ гостување.
Во „Тема на денот“ на ТВ Сител гостуваше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој зборуваше на повеќе теми од кои и за влезот на трет мобилен оператор. Тој ги образложи очекувањата од компанијата “4iG”, кога се очекува да започне со работа и кои ќе биде бенефитите за граѓаните.
– Ова е нешто што го ветивме само што беше избрана Владата некаде октомври месец по изборот на Владата го потпишавме Меморандумот за разбирање со “4iG” и драго ми е дека стигнавме до финале. Процесот можеше да заврши пред три, четири месеци но зaради локалните избори, целиот процес се одложи и еве конечно завршува, вчера беше донесена одлуката во рок од 10 дена 4iG да го плати надоместокот кон државата и после тоа да почнат да работат, секако тие си имаат свои бизнис планови на кој начин тоа ќе го реализираат – истакна Николоски.
Тој потенцираше дека најважно е што со влезот на третиот мобилен оператор конечно ќе се сруши дуополот што постои меѓу двата мобилни оператори.
– Но, она што е најважно за мене е дека конечно ќе се сруши дуополот којшто беше создаден помеѓу двата мобилни оператори и дека конечно и граѓаните и бизнисот ќе имаат понуда ќе имаат избор, ќе има натпревар за подобри услуги и пониски цени – рече Николоски.