ЗГАЗИЛ ПЕШАК И ПОБЕГНАЛ Несреќа на улицата Народен фронт во Скопје
Пешакот со тешки телесни повреди бил пренесен на скопските клиники, но засега нема детали за неговата состојба.
На улицата Народен фронт во Скопје денеска претпладне возач со голема брзина удри пешак па побегна од местото на настанот, јави порталот Пулс24.
Пешакот со тешки телесни повреди бил пренесен на скопските клиники, но засега нема детали за неговата состојба. На улицата останале видливи остатоци од крв на жртвата.