СРБИЈА САКА ДА ГО ЗГОЛЕМИ УДЕЛОТ ВО СОПСТВЕНОСТА НА „НИС“ Дали тоа ќе го прифатат Русите?

НИС добил лиценца за продолжување на работата во текот на јануари и дека се очекува испорака на нови количини сурова нафта преку Јанаф, како и продолжување на преработката во втората половина од месецот.

130

Србија сака да ја преземе контролата врз Нафтената индустрија на Србија (НИС) Која е под санкции на САД, најави српскиот премиер Ѓуро Мацут.

-Ќе ја разгледаме можноста за зголемување на државниот удел во сопственоста на НИС. Доколку имавме поголем процент, ќе добиевме контрола врз Српската нафтена индустрија – рече Мачут.






Тој  за  Српската радиотелевизија изјави дека претставниците на унгарскиот МОЛ, кои претходно изразија желба да го купат рускиот удел, пристигнале во Србија пред неколку дена и почнале да го анализираат работењето на НИС.

– Ова е нивна потреба пред да донесат конечна одлука и да се договорат за договорот за купопродажба – рече Мачут.

Тој потсети дека НИС добил лиценца за продолжување на работата во текот на јануари и дека се очекува испорака на нови количини сурова нафта преку Јанаф, како и продолжување на преработката во втората половина од месецот.

Мацут нагласи дека енергетските резерви се полни и нема причина за загриженост.

Поврзани содржини