🎥(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) СЀ ПЛАМНАЛО ВО ЕДЕН МОМЕНТ Бројот на жртви расте, 47 загинати во пожарот во Кран Монтана
Според сведоци кои ја опишаа несреќата за медиумите, келнерите во клубот „Констеласион“ ставиле свеќи за роденден на шишиња шампањ и така се шетале низ барот.
Властите на кантонот Вале објавија нов извештај за причината за пожарот што се случи во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана, во кој, според најновите информации загинаа најмалку 47 луѓе, а над 100 се повредени, повеќето потешко.
Според сведоци кои ја опишаа несреќата за медиумите, келнерите во клубот „Констеласион“ ставиле свеќи за роденден на шишиња шампањ и така се шетале низ барот.
Според објаснувањата на властитњ, во клубот се случил таканаречен флешовер – нагло целосно разгорување, што значи дека во еден момент локализиран пламен прераснал во голем пожар што го зафатил целиот запалив материјал.
🚨🇨🇭🔥 Des personnes prises au piège par les flammes dans le bar de Crans-Montana tentent désespérément de s’échapper par la seule issue, qui est bloquée. (témoins) pic.twitter.com/aBQXtKRME9
— SuisseAlert (@SuisseAlert) January 1, 2026
Флешовер се случува кога пожарот во затворен простор достигнува критична точка кога воздухот и чадот стануваат доволно топли, за да ги запалат сите предмети истовремено. Претходно огнот обично е локализиран, гори на едно место и постепено се шири. Кога ќе се достигне критична температура предметите почнуваат да испуштаат запаливи гасови и во еден момент, целата просторија „експлодира“ во пламен. Чадот станува исклучително густ и опасен, а преживувањето невозможно.
Маж кој бил сведок на кафастрофалниот настан изјави дека видел гости како панично газат еден преку друг додека се обидувале да избегаат. Самуел Рап бил во ресторан во близина на барот кога избувнал пожарот. Тој ги опишал сцените што ги видел како „ужасни“.
– Имаше многу луѓе на влезот кои се обидуваа да избегаат. Просторот беше преполн и луѓето се прегазуваа еден преку друг обидувајќи се да излезат. Многумина врескаа додека се обидуваа да избегаат, а видов и многу луѓе како лежат на подот – вели сведокот Рап.
Тој додаде дека видел човек како го покрива лицето на една од жртвите со јакна и дека „многу луѓе останале без коса поради изгореници“.
– Некои луѓе дури немаа облека – рече тој.
На прашањето какви гости имало во барот сведокот вели дека тука доаѓаат од целиот свет.
– Многумина доаѓаат од Англија, Холандија и од цела Швајцарија. Гоститео биле на возраст меѓу 16 и 18 години. Ужасно е – рече Рап.
Швајцарските власти не го соопштуваат бројот на загинатите, велат дека се неколку десетици, а италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани рече дека бројот на жртви се проценува на 47. Тој изјави дека бил во контакт со швајцарските власти во текот на целиот ден и дека помеѓу 12 и 15 Италијанци се хоспитализирани по пожарот. Има повеќе исчезнати лица.
Началникот на полицијата во кантонот Вале, Фредерик Гислер, рече дека ова е „многу емотивно“ за него, дури и во неговата улога како полицаец. Тој изрази сочувство до семејствата на жртвите и ја презентираше хронологијата на настаните.
Според него: чадот бил забележан во 1:30 часот наутро, а неколку секунди подоцна, сведокот контактирал со полицијата. Во 1:32 часот, првите полицајци пристигнаа на местото на настанот, кои им помогнаа на повредените и ги пренесоа во болници, а пожарникарите „брзо“ го ставија пожарот под контрола.
– Во овој момент имаме околу 40 лица кои ги загубија животите и околу 100 повредени, од кои многумина се во многу сериозна состојба – рече Гислер.
Тој додаде дека, со оглед на тоа што станува збор за меѓународен скијачки центар, властите веруваат дека меѓу жртвите има и државјани на други земји.
Пиротехниката, инаку, и претходно се употребувала во клубот „Констеласион“.