ИГРАЛИШТЕ ЗА ДЕЦА МЕТА НА ВАНДАЛИ ВО КАРПОШ 1 Оштетени реквизити и урбана опрема, Општината со апел
Оштетени се повеќе детски реквизити и дел од урбаната опрема, а од Општина Карпош апелираат јавните површини да се чуваат како заедничко добро.
Детското игралиште во Карпош 1 повторно е мета на вандализам. Оштетени се повеќе детски реквизити, како и дел од останатата урбана опрема, информираат од Општина Карпош.
Од Општината велат дека секоја година издвојуваат средства за одржување, обновување и унапредување на јавните површини, а континуирано инвестираат и во поставување и реконструкција на детски игралишта и урбана опрема.
„За жал, вложувањата во создавање безбедни и уредни простори за најмладите повторно се доведуваат во прашање поради неодговорното однесување и вандалските случаи“, се наведува во соопштението.
Оттаму нагласуваат дека јавните површини се заедничко добро на сите граѓани и апелираат на одговорно однесување и заедничко придонесување кон нивното зачувување.
Општина Карпош и во своите плански документи има нотирано дека детските игралишта често се мета на неодговорни граѓани, поради што се предвидуваат нивно редовно одржување, санација и замена на оштетените реквизити.