УКРАИНА НА ТАПЕТ, УШТЕ 3 ЗЕМЈИ ЈА ОБВИНИЈА ЗА НАПАДОТ Чии дронови летаа над резиденцијата на Путин?

Додека Киев тврди дека се работи за осмислен инцидент на Кремљ, Москва и Вашинтгон луто реагираа на нападот. Индија, Пакистан и Обединетите Арапски Емирати му се придружиле на американскиот претседател Доналд Трамп во осудата на нападот од 29 декември, ставајќи го Киев во незгодна дипломатска позиција.

1,407

Украина се најде под силен дипломатски притисок од повеќе земји откако Москва ја обвини за обид за напад врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Фајненшл тајмс“.

Според весникот, Индија, Пакистан и Обединетите Арапски Емирати му се придружиле на американскиот претседател Доналд Трамп во осудата на нападот oд 29 декември, што, како што тврди Кремљ, бил изведен со 91 беспилотно летало насочено кон претседателската резиденција во регионот Новгород.






Украинската влада, изненадена од реакциите на дел од партнерите, се обидела да ги минимизира последиците и да го задржи меѓународниот кредибилитет. Министерот за надворешни работи Андриј Сибиха изјавил дека Киев е разочаран од позицијата на трите земји, но не ја споменал изјавата на Трамп.

Опомена, и од Москва и од Вашингтон?

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека со ваквите акции Киев ги поткопува мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп, но нагласи дека тоа „нема да го сопре дијалогот меѓу Русија и САД“.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров најави дека Москва ќе ја преиспита својата преговарачка позиција кон Украина, додавајќи дека руската армија „знае кога, како и со што ќе одговори“.

Од Белата куќа, претседателот Трамп, според американски медиуми, бил „многу лут“ кога дознал за нападот, но повикал на воздржаност и натамошен дијалог.

Украина негира, Русија бара изговори?

Украинското Министерство за надворешни работи категорично негира дека постоел било каков напад врз резиденцијата на Путин. Официјален Киев оцени дека се работи за измислен инцидент, наменет да ја оправда идната ескалација на руските дејствија и да се поткопа меѓународната поддршка за Украина.

– Русија бара изговор за нова агресија, додека ние бараме начин за мир – изјавил еден висок украински дипломат за „ФТ“.

Кревкиот баланс меѓу одмаздата и поддршката

Според анализата на „Фајненшл тајмс“, ваквите случувања ја туркаат Украина во сложена дипломатска позиција, токму во момент кога земјата се обидува да обезбеди нова рунда западна финансиска и воена поддршка.

Меѓународните аналитичари предупредуваат дека секој ваков настан може да го наруши и онака кревкиот баланс меѓу западната поддршка и руската закана за одмазда.

 

Поврзани содржини