🎥 ЖЕСТОКИ НАПАДИ ВРЗ КИЕВ И ОДЕСА, 24 МРТВИ, МНОГУ ЗАТРУПАНИ Украина возвраќа, горат руска рафинерија и аеродром
Во нападот врз Киев биле употребени 1.567 беспилотни летала и 56 ракети од различни видови. Според украинските медиуми, спасувачките екипи и понатаму трагаат по 17 исчезнати лица под урнатините на уништена станбена зграда, додека десетици повредени се наоѓаат на лекување.
Руските сили продолжуваат со едни од најжестоките напади врз Украина од почетокот на војната. Бројот на загинати во последниот напад врз престолнината Киев се искачи на 24, а ноќеска беа извршени жестоки напади врз пристанишниот град Одеса, во кој исто така има човечки жртви. Во меѓувреме, украинските сили вршат одмазнички напади длабоко во руска територија, при што се таргетирани воени и индустриски цели, јавија украинските медиуми.
Во кусо соопштение на службите објавено на Фејсбук утрово, се наведува дека смртоносниот биланс при нападот на областа Дарницки во Киев изнесува најмалку 24 загинати лица, меѓу кои има и три деца.
Според украинските медиуми, спасувачките екипи и понатаму трагаат по 17 исчезнати лица под урнатините на уништена станбена зграда, додека десетици повредени се наоѓаат на лекување.
Во нападите врз Киев, како што наведуваат службите за спасување, повредени се 47 лица, меѓу кои и две деца, а спасени се вкупно 30 луѓе од областите што се нашле на удар на руските дронови и проектили.
„Спасувачите продолжуваат со деноноќната потрага по луѓе во уништената заграда во населбата Дарницки“, објавија украинските власти на социјалните мрежи.
Русија ноќта во средата кон четврток изврши еден од најмасовните и најдолгите напади врз Украина од почетокот на војната во февруари 2020 година, користејќи повеќе од 800 дронови.
Според објавите во медиумите, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го прогласи петок, 15 мај, за ден на национална жалост во спомен на жртвите од големиот руски напад врз главниот град.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави изјави дека во нападот биле употребени 1.567 беспилотни летала и 56 ракети од различни видови.
Како што објавија украинските служби за цивилна заштита, ноќеска руските сили извршиле нови напади врз Украина, а цел бил пристанишниот град Одеса. Според првичните извештаи и во овој напад има жртви.
– Четири куќи и една зграда се оштетени во станбениот сектор – дел од куќите се уништени, има скршени прозорци и оштетени структури, а оштетени се и три автомобили. Две лица се повредени. Критичната инфраструктура исто така беше на удар – имаше пожари кои спасувачите брзо ги елиминираа. Спасувачите на СНС, локалната противпожарна екипа и припадници на Здружението на доброволни пожарникари на Украина беа вклучени во отстранувањето на последиците – се наведува во објавата на социјалните мрежи.
Украинците се одмаздија со напади врз рафинерии
Во меѓувреме, Украина изврши голем напад со беспилотни летала врз воена и енергетска инфраструктура во повеќе руски региони, а на социјалните мрежи се појавија снимки од голем пожар во рафинерија за нафта во Рјазањ.
Фотографии и видеа објавени на интернет прикажуваат густ чад и голем пожар во рафинеријата во Рјазањ, која се смета за една од најголемите во Русија, со годишно производство од над 17,1 милиони тони нафта.
Жителите на градот изјавиле дека виделе повеќе дронови пред да се слушнат силни експлозии во близина на рафинеријата. Рјазањ се наоѓа на околу 450 километри од украинската граница и 180 километри југоисточно од Москва. објави Скопје1.мк
Истовремено, руски Телеграм-канали објавија дека по дејствување на противвоздушната одбрана бил забележан чад над воениот аеродром во местото Јејск во Краснодарскиот регион.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопштил дека биле соборени пет украински дронови кои се приближувале кон рускиот главен град. Поради нападите привремено бил прекинат сообраќајот на аеродромите Домодедово и Шереметјево.
Експлозии биле пријавени и во Евпаторија и Саки, објави Телеграм-каналот „Кримски ветер“.
Украинската војска засега официјално не се огласила за нападите. објави Скопје1.мк