ПОЗНАТИ СЕ СИТЕ ФИНАЛИСТИ ЗА ЕВРОВИЗИСКИОТ НАТПРЕВАР Еве кои земји ќе се борат за престижниот трофеј
По бројни емотивни балади, енергични настапи и неизвесно гласање, познати се сите имиња кои ќе настапат во финалето на Евровизискиот натпревар 2026.
Евровизиската треска продолжи и на втората полуфинална вечер на Евросонг 2026, по што беа објавени сите изведувачи кои освоија место во големото финале.
Големото финале ќе се одржи во сабота, 16 мај, во Виенската „Винер Штадхале“, каде што 25 земји ќе се борат за победа и за престижниот евровизиски трофеј.
Вкупно 15 земји настапија во првото полуфинале, а Грција, Финска, Белгија, Шведска, Молдавија, Израел, Србија, Хрватска, Литванија и Полска го освоија своето место во големото финале.
Во втората полуфинална вечер на Евровизискиот натпревар, гледавме 15 настапи, а десетте земји кои го освоија своето место во големото финале се: Бугарија, Украина, Норвешка, Австралија, Романија, Малта, Кипар, Албанија, Данска, Чешка.
Оваа година, домаќинот Австрија, како и Франција, Италија, Германија и Велика Британија имаат директно место во големото финале.
Овогодинешното издание на најголемото музичко натпреварување во Европа се одржува под слоганот „Обединети од музиката“.
Организаторите најавија и специјално шоу за големото финале по повод 70-годишнината од Евровизискиот натпревар, поради што се очекува еден од најголемите спектакли во последните години.