ПОРОДУВАЊЕ ВО ДВОР ЗАВРШИЛО ФАТАЛНО Во штипската болница донесено мртво бебе
Мртво новороденче било донесено во Клиничката болница во Штип, откако 35-годишна жена од радовишко се породила во дворот од својот дом.
Мртво новороденче било донесено рано утринава во Клиничката болница во Штип, соопшти полицијата. Според информациите од СВР Штип, бебето го родила 35-годишна жена од селото Конче, радовишко.
Лекар во болницата констатирал смрт на новороденчето, додека мајката била задржана на Одделението за гинекологија.
Полициски службеници излегле на местото и разговарале со сопругот на жената, К.У.(33). Според неговата изјава, околу 02:00 часот таа добила породилни болки.
Потоа се породила во дворот од домот.
За случајот бил известен јавен обвинител. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.