🎥 БЕА ОТФРЛЕНИ ОД МАЈКАТА, МОЖЕА ДА УГИНАТ, А ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СЕГА! Скопската зоолошка со многу пожртвуваност успеа да подигне две младенчиња гибони

Двете малечки гибончиња беа отфрлени од мајката како бебиња и чувани од вработените 24/7 со љубов и посветеност.

431

Зоолошка градина Скопје објави дека со голема пожртвуваност на вработените и со долги непроспиени ноќи успеале да ги спојат гибоните Делфина и Мики, кои сега учат да живеат заедно и самостојно.

„Двата гибона беа отфрлени од мајката како бебиња и чувани со 24/7 нега, љубов и посветеност. Во консултација со експерти од светски организации за заштита на гибоните, како и Зоолошката градина од Перт, Австралија, која имаа слична ситуација, а со максимални напори и труд од вработените во скопската зоолошка градина – гибончињата Делфина и Мики сега се во заедничко живеалиште и одлично се прифатија еден со друг. За овој значаен подвиг на целиот наш тим добивме пофалба од сите експерти со кои соработуваме“ – напишаа Зоолошка градина Скопје на својот профил на Фејсбук.






Особено признание во постот и се одава на вработената по име Зера.

Од Зоолошката истакнуваат дека нивниот зимски дом е привремен, до заедничко навикнување, а вработените веќе го подготвуваат новиот современ простор со отворен дел за нив.

Поврзани содржини