КАЈ КРУШЕВО И МАВРОВИ АНОВИ ВИДЛИВОСТ ОД 15 ДО 20 МЕТРИ! Возете внимателно на планинските превои и низ клисурите

Опасност од одрони има на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

36

Поради магла намалена е видливоста на планиските превои и тоа на 60 до 70 метри на планинскиот превој Стража, до 50 метри на планинскиот превој Плетвар, од 15 до 20 метри на патот за Крушево, како и видливост до 20 метри на патниот правец Бунец – Маврови Анови, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.






АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ исто така потсетува на законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Поврзани содржини