📽️ КАЛИФОРНИЈА ПОД ВОДА Вонредна состојба, торнада и опасност од свлечишта

Обилните дождови предизвикаа поплави, торнадо-предупредувања и опасност од свлечишта, а метеоролозите најавуваат нови врнежи и снег.

302

Администрацијата на американската сојузна држава Калифорнија прогласи вонредна состојба во Лос Анџелес и во неколку окрузи во јужниот дел на државата, поради обилните дождови што предизвикаа поплави.

Во јужна Калифорнија е прогласено највисоко ниво на подготвеност за можна евакуација на населението.






Во три града во округот Лос Анџелес беше издадено предупредување за појава на торнадо, но подоцна тоа беше укинато.

 

Властите ги повикаа возачите да избегнуваат движење по главните патишта поради опасност од свлечишта и одрони.

Според метеоролозите, за време на викендот се очекуваат нови врнежи, а на повисоките места можно е и паѓање на снег.

 

Поврзани содржини