ВО ЈАНУАРИ МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ РЕАЛНИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА Електродистрибуција ќе ги чита броилата и за време на празниците

Регулаторната комисија за енергетика, по новата промена на цената на струјата презеде активности за навремено читање на броилата за струја, за да не се случи наместо реални сметки граѓаните да добијат сметки со предвидена потрошувачка на струја.

913

Во последните 3 месеци 95% од струјомерите се отчитани, а во последниот месец процентот е 90%, таргетирани се 10.000 потрошувачи  кои во последните 2 години имале приговори или поплаки во врска со фактури и со нив е почната етапна телефонска комуникација, информира Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) .

Како што информираа од РКЕ, ова се дел од сетот на активни мерки во врска со навременото читање на броилата од страна на Електродистрибуција, посебно во периодот на промена на цената на струјата.






Електродистрибуција, велат оттаму, за претстојните празници ќе организира вонредни екипи кои и ќе ги  отчитуваат броилата со цел потрошувачите да добиваат сметки со реална, а не прогнозирана потрошувачка.

Дополнително од 1 декември годинава е воведена нова услуга за онлине корекција на фактура, авеќе се достапни и претходно воведени дигитални услуги како „Пријави состојба“, „Е-фактура“, и примена на  ознака на фактурата со „О“- отчитано или „М“- проценета состојба со што потрошувачите знаат точно дали добиваат сметка со реална потрошувачка, или истата е базирана врз основа на проценета состојба.

Од РКЕ и Електродистрибуција апелираат потрошувачите да продолжат одговорно да ја трошат на електричната енергија и во текот на зимскиот период.

Поврзани содржини