КИМ JОНГ УН ГО ПОДГОТВУВА ТРОНОТ ЗА ЏУ АЕ Пет хотели, еден симбол и нова политичка порака

Аналитичарите во Сеул и во Токио сметаат дека повторената појава на Џу Ае, сè почесто позиционирана покрај татко ѝ, е индикатор дека режимот постепено ја подготвува за наследничка на династијата Ким.

973

Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун се појави на отворање на 5 хотели со својата ќерка Џу Ае, што тамошните државни медиуми го претставија како симбол на „просперитет и континуитет“.

Северна Кореја ги отвора хотелите во планинската зона Самџијон, во близина на границата со Кина.






Ким изјавил дека хотелите се „јасен доказ за растечкиот статус на народот и потенцијалот за развој на земјата“. Настанот доаѓа непосредно пред првиот партиски конгрес по 5 години, закажан на почетокот на 2026 година, каде што ќе се усвои нов петгодишен план за економски развој.

 

Во последните месеци Ким присуствуваше на неколку отворања на фабрики, нагласувајќи ја самодоволноста на економијата. Според државната агенција КЦНА, отворањето на туристичките капацитети треба да го зголеми приходот од внатрешен туризам и да ги демонстрира технолошките капацитети на зАналитичарите во Сеул и во Токио сметаат дека повторената појава на Џу Ае, сè почесто позиционирана покрај татко ѝ, е индикатор дека режимот постепено ја подготвува за наследничка на династијата Ким.емјата.

Јонг Ун ја носеше својата ќерка и при свеченото пуштање во употреба на воени бродови, а таа беше со него и на прославата во Кина на 75-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Пјонгјанг и Пекинг, каде што заедно присуствуваа на културната свеченост и парадата во чест на сојузот меѓу двете земји.

 

Поврзани содржини