Ќе биде уште помачно и побезобразно

Не знаеме кој „стручњак“ го смисли и срочи тоа монструмче, но „новата“ потпретседателка бестрашно ни го издекламира пред зградата на Владата, просветлувајќи нѐ дека не само што и политички резолуции можат да бидат неуставни туку и дека токму таа Резолуција „е спротивна на Уставот во делот на основни човекови слободи и права на граѓанинот – слободата на изразување која е неприкосновена“. Иако таа Резолуција не им ограничува ништо, освен што им советува да не говорат глупости. И повторно: мачно, и тажно, и многу, многу глупаво!

368

Да, морам да се демантирам себеси од минатиот пат дека веќе е мачно човек секојдневно да се занимава со празните мубетења на „лидеро“ и на една сервилна група безимени луѓе околу него, па дури и да одговора на нивните провокации и прозивки. Но сега, кога тој „лидер“ веќе не е осамен трговец-поединец а тезгата е комплетирана со обзнанувањето на новата тура потрошна роба викана извршен одбор (малите букви се реален одраз на нивната капацитетност!) којашто треба да ги формулира политиките – или „политиките“, ако баш сакате – на сектана што глуми политичка партија, нештата (ќе) стануваат уште помачни.

Зашто така и почнаа: ново-стариот лик на една бивша бледа министерка, сега како награда (за што ли, по ѓаволите?) зацрвенета како потпретседателка на сектата, ни се внесува в лице со епохална измислица во духот на нејзиниот ментор од струмичко: претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок од страна на власта – Владата и Собранието – преку „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.






Не знаеме кој „стручњак“ го смисли и срочи тоа монструмче, но „новата“ потпретседателка бестрашно ни го издекламира пред зградата на Владата, просветлувајќи нѐ дека не само што и политички резолуции можат да бидат неуставни туку и дека токму таа Резолуција „е спротивна на Уставот во делот на основни човекови слободи и права на граѓанинот – слободата на изразување која е неприкосновена“. Иако таа Резолуција не им ограничува ништо, освен што им советува да не говорат глупости. И повторно: мачно, и тажно, и многу, многу глупаво!

И затоа веќе стартот покажува дека со „новиве“ ќе биде уште помачно, потажно и многу, многу поглупаво во иднина односно до новиот крах и на оваа парталава постава на сектата што глуми политичка партија.

И сега веќе не знаете кој кого таму резили: раководството партијата, или обратно. Да, некој ќе рече дека тоа е исто, ама не е. Не е затоа што раководството (ова, па и претходното, па и претходното…) – или, подобро кажано: вистинското раководство – никогаш не седи во преден план или во оние ветви „органи на партијата“. Тие се луѓе во сенка, иако одамна веќе сенки од луѓе, и ги влечат главните конци. Како куклен театар! Тие ги „(о)смислуваат“ генералните правци, „мудруваат“ за глобалните политики и местото на сектата во нив, решаваат кадровски прашања… И нема врска што, да простите, за неколку години с.ебаа толкава партија, упорни се во нивната глупост и неспособност, а членството ги толерира.

Се разбира, проѕирна е, иако и тотално промашена темата за мигрантите, особено нејзиното врзување за некаква слобода на говор на опозицијата, која ионака не ѝ е потребна зашто нема што ново да каже, ако воопшто и има што да каже. Тоа е сензитивна тема што свири на „тенки жици“ надевајќи се на некакви симпатии и поддршка не само од нивното веќе наивно членство туку и пошироко. Некој шутрак таму гледа во туѓиот двор и учи од она што таму се случува, во Србија, од протестите пред куќите на економската миграција, надевајќи се дека и македонскиот граѓанин ќе посака слично да се однесува. Но сепак, мислам дека во неколку наврати сме покажале дека сме над нивото на машинеријата на снс (малите букви се објективен одраз на „политиките“ на таа партија). Иако не исклучувам дека има групации што би тргнале и во таа насока.

А бидејќи веќе ја спомнав Србија, неодминлив е впечатокот на политикантски шаблон во „политичките“ резони на тамошната снс и овдешната секта викана сдсм. Без оглед на разликата што таму станува збор за власт а овде за „опозиција“, матрицата е слична. Тврдоглавоста на Вучиќ и неговите по правило промашени кадровски „освежувања“ во партијата и власта се еднакви на овие на локалниов „лидер“ и неговото грчевито држење на челната позиција во сектата. Впрочем, и она на Вучиќ одамна наликува на секта, само бројно поголема, која беспоговорно ги извршува мантрите што ги добива од врвот. Таквото политикантство веќе добива епски размери, без оглед што таму земјата а овде „партијата“ ја води во пропаст. Ама нашиве посакуваат и земјата да ја вовлечат во таа насока. И нема кој да се спротивстави во снс, како што нема таков јунак ни во сдсм (со чест на два-три исклучоци)!

А слична им е и клиентелистичката медиумска поддршка – оние од „Информер“, „Курир“, „Пинк“…, со овие нашиве шушумиги кои низ порталите и на една-две телевизии онака настојчиво бранат неодбранливи „тези“ и најбзобразно лепат историски врховистичко-михајловистички шамари. Исти неписмени ликови со соцреалистички умови како од пред седум децении и знаења како од градинка. Одат дури дотаму да бараат резолуција за осуда на „сите манипулации кои му се прават на македонскиот народ во овие изминати години а се однесуваат на идентитетот, јазикот, гаранциите и сите останати работи“ (sic)! Што е интересен предлог, само – кои ли се манипулантите, особено последниве две години? Нејасно е зошто не побараат резолуција и против лажење, крадење, корупција, злосторничко здружување…, или знаат дека и таму токму тие би биле главните актери?

И секако, ним не им треба туѓо „Министерство на вистината“ бидејќи си имаат свое, со неколку ограноци. И низ нив сите нивни лаги и манипулации магично се трансформираат во вистини. Едниот огранок, оној со државниот обвинител на чело, неодамна колабираше и е на апарати. Еден друг пресудува во полза на една секта што глуми партија против еден новинар. Чиста „соцреалистичка патологија“, да парафразирам една бивша „лева“ примадона. Останатите сѐ уште добро се држат. „До даљњег“, што би рекле кај северниот сосед!

За жал, ваквото безобразие веќе ги надминува сите граници на елементарна пристојност и политичка култура. Не знам дали, и кога, некој – не само таму! – ќе го постави прашањето за сериозна евалуација на однесувањето и целите на овие и вакви „политики“ на таа група луѓе. Но ќе мора, кога-тогаш. И ќе мора да го постави прашањето на личната одговорност и, ако баш сакате, пресметливост. И повторно – за вистинските мотиви и скриени агенди на оваа мачна циркусијада којашто веќе не е само внатрешно „партиско“ прашање. Се затскрива ли таму некаков конфликт на интереси, се одвива ли монтирана претстава за оттргнување на внимание, за грчевито држење до позиција којашто, сепак, во името на непредизвикување политички скандали, ветува простор за толерантен однос на власта кон челните луѓе на таа циркуска група?

Се разбира, во тој контекст неодминливи се и прашањата на моралните предиспозиции на луѓе кои ова општество ги сметало за дел од интелектуалната, па и политичката елита, за моралните вредности и пропагирани погледи на една цела политичка партија, па нека е сега и на рамништето на секта. За кој и каков персонален и професионален интегритет таму станува збор со такви „политики“, за каква грижа за некакви слободи и права може да говорат луѓе со омраза за другиот и зарем од нивните ставови може да произлезе каква и да е нормативна структура и за нашите слободи и права, за нашите вредности?! И како утре, или поверојатно во некоја подалечна иднина, истите луѓе од првиот ешалон или од позадинските редови што ги поддржувале, ќе излезат пред граѓанинот со ветувања вакви или онакви, со тиради за право, правда, демократија, слобода…? Зарем е можно толку да се нема слух за пулсот на мнозинството граѓани досега многупати силно изразено токму против нивните „политики“ и манипулации со јавноста или овие шутраци и нивнине полуписмени мегафони навистина мислат дека се над другите во државава?

Поврзани содржини