НА САЈТОТ НА БЕЛАТА КУЌА СО ЧАСОВИ ОДЕШЕ ДИРЕКТЕН ПРЕНОС ОД НЕПОЗНАТ „ГОСТИН“!? Не се знае дали е хакерски напад или почетничка техничка грешка

Настанот предизвика внимание на социјалните мрежи, каде корисниците шпекулираат за безбедноста на дигиталните системи на американската администрација.

276

Официјалната интернет-страница на Белата куќа била во прекин околу еден час во текот на ноќта меѓу четврток и петок, при што на неа бил прикажуван необичен лајв-стрим со непознат млад маж, објави „Блумберг“.

Според информациите, во рубриката Live News на сајтот нешто пред полноќ се појавил видео-пренос на кој се гледа помлад маж со брада и слушалки, како седи пред микрофон. Стримот во текот на следниот час наизменично се појавувал и исчезнувал од страницата.






Засега не е познато дали станува збор за хакерски напад врз официјалната веб-страница на Белата куќа или за интерна техничка грешка и случајна објава. Од Белата куќа сè уште нема официјално соопштение со објаснување за инцидентот.

Настанот предизвика внимание на социјалните мрежи, каде корисниците шпекулираат за безбедноста на дигиталните системи на американската администрација, но и за можната природа на прикажаната содржина.

Поврзани содржини