📽️ БУДЕЊЕ СО БАГЕРИ ВО ИНЏИКОВО Нема милост за дивоградбите, предупредува градоначалникот Стефковски
Објектот бил во карабина фаза и покрај изречената забрана за градба, акцијата спроведена со асистенција на полицијата во 5 часот наутро.
Од раните утрински часови денеска, во скопското село Инџиково започна акција за уривање на бесправно изграден објект, откако сопственикот не постапил по решението за стопирање на градбата.
Акцијата почнала во 5 часот наутро, со асистенција на полицијата, а на терен биле ангажирани општинските служби на Гази Баба. Објектот бил во почетна, карабина фаза – приземје, но, според надлежните, постоела јасна намера да се надгради уште еден кат.
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, информираше дека инвеститорот продолжил со градежните активности и покрај тоа што претходно му било изречено решение за затворање на градилиштето.
– Во моментот на акцијата, објектот беше во приземје – карабина фаза, со јасна намера за надградба на уште еден кат. И покрај донесеното решение од градежниот инспектор за стопирање на градбата и затворање на градилиштето, субјектот не постапил по решението и продолжил со градежни активности. Почитувајте ги законите и не започнувајте градба без добиено Одобрение за градење. Ред, закон и еднаквост за сите – порача првиот човек на Гази Баба.