ПАНИКА КАЈ ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД СЛОБОДНИОТ УВОЗ ОД ЈУЖНА АМЕРИКА Унијата подготви мерки за заштита пред ратификација на договорот

Европската унија и Меркосур, кој го сочинуваат Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај, пред една година постигнаа политички договор за договор за слободна трговија, кој треба да добие зелено светло во Европскиот парламент и поединечно во сите земји членки.

342

Европскиот парламент денеска го прифати предлогот на Комисијата за мерки што треба да ги заштитат европските земјоделци од конкуренцијата од земјите од  јужноамериканскиот трговски блок Меркосур, но исто така побара построг надзор врз влијанието на увозот од тие земји врз пазарот на Унијата. Парламентот, меѓутоа, денеска не гласаше за договорот за слободна трговија со земјите од Меркосур блокот.

Европската унија и Меркосур, кој го сочинуваат Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај, пред една година постигнаа политички договор за договор за слободна трговија, за кој се преговара  25 години. Овој договор предвидува постепено намалување до укинување на царините за увоз на земјоделски производи од јужноамериканските земји при увоз во ЕУ.






Евентуалното отворање на пазарот на Унијата за производите од Меркосур наиде на отпор во Европа, првенствено во земјоделскиот сектор. Земјоделците се плашат дека  увоз на производи од јужноамериканските земји под преференцијални царински услови ќе го преплави европскиот пазар со евтини производи. Тие тврдат дека јужноамериканските земјоделци не се оптоварени со високи стандарди за заштита на животната средина. Истовремено, производите увезени од Меркосур често се произведуваат со употреба на методи (на пр. одредени пестициди или третмани) кои се забранети во ЕУ.

Европската комисија во октомври предложи заштитни мерки за европските земјоделци што треба да ги отстранат нивните загрижености и противење на трговскиот договор.

Предлогот предвидува зголемено следење на чувствителните производи како што се говедско месо, живина, ориз, мед, јајца, лук, етанол и шеќер.

Според нејзиниот предлог, Комисијата треба редовно да го следи влијанието на таквиот увоз врз европскиот пазар и да реагира и да ги замрзне царинските привилегии доколку се утврди дека увозните цени на одреден производ во една или повеќе земји-членки се најмалку 10% пониски од цените на истиот или конкурентски европски производ. Механизмот треба да се активира и ако годишниот увоз на одредени производи се зголеми за повеќе од 10% под поповолни услови и ако има намалување на увозните цени на производите за 10% во споредба со претходната година.

Европскиот парламент оценува дека предложениот механизам е клучен за да се обезбеди дека либерализацијата на трговијата е придружена со механизми за заштита за најчувствителните земјоделски сектори на Унијата и дека ја зајакнува способноста на ЕУ брзо да реагира кога увозот од земјите од Меркосур предизвикува или може да предизвика сериозна штета на производителите на ЕУ.

Меѓу членовите на Унијата, најмногу против договорот беше Франција, која сака да ги заштити своите земјоделци, додека од друга страна, главни застапници на договорот се Германија и Шпанија.

Комитетот за земјоделство и рурален развој (AGRI) предупреди дека „европскиот земјоделски сектор ќе биде непропорционално засегнат од Договорот меѓу ЕУ и Меркосур“ и „ја дели загриженоста на европските земјоделци и поширокото општество поради негативните последици врз пазарот на ЕУ “.

„Значајните разлики во трошоците за производство, кои произлегуваат од пониските стандарди за заштита на животната средина, благосостојба на животните и трудот во земјите од Меркосур, создаваат нефер конкурентски притисок врз производителите од ЕУ кои работат според повисока трошковна основа и стандарди и поамбициозни правила“, велат оттаму.

Предлогот на Комисијата за заштитни царински и други мерки беше оценет од AGRI како недоволен во некои делови, а барањата за построги мерки за контрола на увозот од Меркосур беа вклучени во преговарачката позиција на Парламентот.

Здруженијата на француски и европски земјоделци повикаа на протести во Стразбур и Брисел во среда и четврток против, пред сè, евентуалното намалување на средствата од ЕУ за помош на земјоделството, но и отворањето на пазарот за производи од земјите од Меркосур.

Билатералната заштитна клаузула за која гласаше Европскиот парламент во вторник е вградена во два договора: Привремениот трговски договор меѓу ЕУ и Меркосур и Договорот за партнерство меѓу ЕУ и Меркосур. И двата ќе треба да бидат ратификувани: трговскиот договор со гласање во Европскиот парламент и Договорот за партнерство со гласање во Европскиот парламент и во сите земји-членки.

Поврзани содржини