ПРИКАЗНАТА ЗА СИЛЈАН ОДЕКНА ВО СВЕТОТ, НО НЕ СТИГНА ДО ОСКАР Котевска е задоволна од, како што вели, поддршката од целата нација
Среќна сум поради тоа што една македонска приказна одекна во светот, и поради поддршката што ја добиваме јас и филмот од целата нација. „Силјан“ станува значаен и гласен, а тоа е најдлабоката поента на едно филмско дело, изјави режисерката Тамара Котевска. Филмот беше квалификуван во две категории: најдобар странски филм и најдобар документарец.
Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука денеска ја објави листата на филмови кои влегоа во потесниот избор и ја продолжуваат трката до финалните номинации за Оскар, кои ќе бидат соопштени на 22 јануари 2026 година. Македонскиот филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска не се најде меѓу 15-те документарни филмови во потесниот избор, иако според бројни предикции важеше за сериозен кандидат за Оскар.
– Среќна сум поради тоа што една македонска приказна одекна во светот, и поради поддршката што ја добиваме јас и филмот од целата нација. „Силјан“ станува значаен и гласен, а тоа е најдлабоката поента на едно филмско дело – изјави Котевска.
Годинава конкуренцијата во категоријата документарен филм беше исклучително силна, со вкупно 201 пријавен филм, што ја прави една од најплодните години за овој жанр, веднаш по пандемиската година кога имаше 238 наслови. Истовремено, Академијата ги објави и потесните листи за најдобар странски филм, каде што се квалификуваа 86 филмови, како и за најдобар анимиран филм со 35 наслови во конкуренција.
„Приказната за Силјан” на Тамара Котевска беше квалификуван во две категории: најдобар странски филм и најдобар документарец.
Филмот го откупи National Geographic, и до сега доби голем број значајни и релевантни награди и номинации на фестивалот во Венеција, NYDOC, IDA, Spirit, PGA Award, Eye Cinema Audience Award и ред други.
Македонската кампања за Оскари во категоријата најдобар странски филм е поддржана од страна на Агенцијата за филм на Македонија.
Линк на филмови кои влегоа во shortlisted во трката за Оскари: