ГО БАРАЛЕ СО ПОТЕРНИЦА ЗА ДА ОДЛЕЖИ ОСУМ ГОДИНИ ЗАТВОР Турски државјанин уапсен на Табановце

О.А. е пренесен во прифатен центар за странци во Скопје, каде ќе продолжи понатамошната постапка.

232

На Граничниот премин Табановце вчера попладне полициски службеници го лишиле од слобода О.А. (27) од Турција, објави МВР во дневниот билтен.
При обид за излез од државата, лицето не поседувало никакви документи, а по извршени проверки било утврдено дека Интерпол по него распишал меѓународна потерница и бил баран за издржување на затворска казна од осум години.
О.А. е пренесен во прифатен центар за странци во Скопје, каде ќе продолжи понатамошната постапка.

Поврзани содржини