СПАСОВСКИ ЈА ЗАГРОЗИЛ БЕЗБЕДНОСТА НА ИЛЈАДНИЦИ ВОЗАЧИ Обвинителството да реагира на злоупотребата од поранешниот министер, бара ВМРО-ДПМНЕ

Спасовски ја злоупотребил својата службена положба и овозможил на станицата за технички преглед да се стекне со противправна имотна корист од 90.000 евра, додека го чувал во фиока решението за затворање на станицата, каде меѓу другите поминал и автобусот на Беса транс во кој загинаа 45 луѓе во Бугарија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

144

Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари или околу.90 000 евра, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасовски ја злоупотребил својата службена положба и овозможил на станицата за технички преглед да се стекне со противправна имотна корист од 90.000 евра, додека го чувал во фиока решението за затворање на станицата, каде меѓу другите поминал и автобусот на Беса транс во кој загинаа 45 луѓе во Бугарија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Зошто Спасовски 3 месеци не го потпишувал решението за затворање на станицата и го чувал во фиока, дали зад заштитата на Спасовски стои нешто друго, прашува партијата.

„Зошто Спасовски дури 3 дена по несреќата на Беса транс го ставил својот потпис на решението?Колку возила кои ја загрозиле безбедноста во сообраќајот ја поминале контролата на тој технички преглед? Оливер Спасовски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи низ државата. ЈО веднаш да постапи. СДСМ наместо да се огради, ги штити криминалците во своите редови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини