„ЦРПНАТИОТ“ КУПУВА МНОГУ ЖЕЛЕЗО ОД РУСИЈА И ГО ПРЕПРОДАВА Никола Груевски со жесток удар ја продолжува фејсбук тепачката со Зоран Заев

Со насловите „Човекот што прифати сè што одбив“ и „Една приказна за една 'напатена душа'", поранешниот премиер Груевски ја продолжува преписката со својот наследник - Никола спомнува го обвинува Зоран Заев и за рекет, за продажба на марихуана на црно, за мито од 300 милиони евра исплатени во криптовалути и за многу други криминали.

1,100
Видно вознемирен и нервозен по вчерашниот мој ФБ текст, денес се јави лично Зоран Заев, со негов ФБ текст. Досега се криеше зад партиските соопштенија, пресови и платени од него ботови и некои медиуми. Соопштенија кои најчесто лично ги диктира, пишува или нарачува преку Филипче. Колку и да се трудел да ја прикрие нервозата и вознемиреноста, таа лесно се чита низ неоснованите напади, навреди, клевети, и зајадливи коментари.
Јас не се сомневам дека тој лично го пишувал текстот. Вокабуларот е соодветен на неговото литературно ниво, за кое е оддамна јасно дека после лектирата “Зоки-Поки” во трето одделение, не губел многу време на книжевната лична надградба, за што од неговите поранешни изјави знаеме и дека е посебно горд, од времето кога возгорделиво крикна дека иако учел по 3-4 часа во училиштето, ете станал премиер, па што му фалело. Веруваше дека народот подзаборавил зошто и како тој стана премиер, кој го постави за марионетски премиер и каква работа требаше да заврши како награда за тоа. И ја заврши. Грција доби повеќе од што некогаш сонувала во 150 вековната борба за прашањето за македонскиот идентитет, име и историја. Секако, не бесплатно.





На темата дека купува железо од Русија, додека политички е жесток противник на Русија, не се осврна, бидејќи купува и тоа многу. Кажа само дека кога би бил жеден, сметал дека Русија не би му дала капка вода. Но јас не ја лоцирав неговата дволичност во правец дека Русија нешто му дала или би му дала.
Туку дека тој дава. Дава пари за да го купи железото и да го препродаде. Русите кои му продаваат, притиснати од санкциите, не знам дали и воопшто знаат кој стои зад фирмата купувач, со скриен сопственик.
Зошто Русија не би земала пари за огромните резерви природни метали со кои располага, а сега заради санкциите потешко ги продава?
Независно дали се оние 300 милиони евра во криптовалути кои Заев ги побара и Грција најде начин да ги обезбеди, како компензација дека ќе му се намалел угледот меѓу народот со потпишување на дефакто капитулацијата која ја именуваше како договор, бидејќи претходно ветуваше јавно дека нема да го направи тоа. Со прифаќање на се што побараа, и што претходно не им беше паднало на памет да побараат. Кој потоа не може да стане успешен бизнисмен во Дубаи? Зар јас не можев да прифатам или побарам такво нешто за трговија со националните интереси? Зарем Глигоров не можеше да ја прифати понудата за саатот, куферот пари и анфората?…
Или ако парите се обезбедени од оние кои додека беше функционер ги собираше во кеш како рекет од стотици компании.
Или пак се пари од продажбата на марихуана на црно во време кога 90% од фирмите кои имаа добиено лиценца беа негови или фамилијарни фирми, па потоа повеќето од овие фирми чија единствена вредност беше лиценцата доделена од владата ги нудеа за милионски суми на странски инвеститори, бидејќи сватија дека сериозно производство и меѓународна трговија со медицинска марихуана е многу сериозен бизнис и не е едноставен како рекетот од позиција на власт.
Или зошто би одбиле плаќање со пари од банка, обезбедени од времето кога ретко кој имаше можност да гради нешто посериозно, најпрвин во Струмица, а потоа и во државата ако за подизвадувач не е вклучена некоја од фирмите на Заев, фирми за кои секогаш во таа распределба одеше поголем дел од профитот, иако за сите други подизведувачи е поинаку, особено кога неговите фирми работеа во РЕК Битола. Формално работеле легално, но работата ја обезбедиле нелегално, со притисок од позиција на власт. Кој неможе да стане успешен бизнисмен на таков начин?
Заев има многу за давање, и нема причина руските продавачи на железо да не му ги земат парите ако ги дава да купи нешто од нив, со намера да го препродаде.
Тој како премиер не го трошеше времето во неговиот мандат за да создаде услови да се отворат нови 180 илјади работни места, па од 560 илјади вработени, Македонија да добие 720 илјади, како што беше во време на мојот мандат.
Во неговиот мандат, напротив, овој број се намали за неколку десетици илјади вработени, и сеуште таа бројка е пониска и треба време да се достигне.
Тој не бараше начин како да се реши полувековно напластениот проблем со дивоградбите, а потоа и со дворните места на сиромашниот народ, и да им помогне на граѓаните кои го гласаат да станат свои на своето за симболични парични износи кои можат да си ги дозволат.
Напротив тој беше од другата страна, од оние со дивоградби, но не беше со направена трошна куќа – дивоградба за да преживее семејството, туку од оние кои свесно злоупотребувале, свесно изграден огромен трговски центар во центарот на Струмица без дозвола за градба и поважно без платени комуналии. А дека е така, се потврди, дека штом започна да функционира Законот за дивоградбите, тој како градоначалник потпиша легализација на таа дивоградба, криминал заради кој Бранко Црвенковски претходно го амнестираше.
Тој не го трошеше своето време да направи денационализација на национализираниот имот на граѓаните од комунистичкиот режим, ниту на градба на автопати, но не му пречеше по една година не пуштање во употреба на 90% готов автопат, со чочек свечено да го отвара и лажно да се прикажува дека во негово време како премиер се организирала и завршила градбата.
Тој направи зделка, знаеме со кого.
Со еден вид државен удар да биде инсталиран за премиер, да му биде ветена неказнивост нему лично, што во превод значи гаранции дека за предавствата, кражбите и злоупотребите кои ќе ги направи за време на мандатот да не биде казнет. Бараше дури и да го наградат со Нобелова награда за мир, но во меѓувреме направи толку рекети и злоупотреби што тоа стана многу ризично за кој и да е.
Кога како млад човек тој копал на нивата во близина на родното село Муртино, и сонувал да биде бизнисмен и инвеститор во Дубаи. И стана.
Се согласи да си ја продаде нацијата, името, идентитетот и историјата на цел еден народ, на соседите.
За 300 милиони исплатени во криптовалути и за не казнивост за се што ќе разграби од фирмите и народот додека е премиер.
Денес во писмото кое го објавил напишал, и тоа често го потенцира, дека пред да влезе во политиката, тој веќе бил бизнисмен. Бил многу способен бизнисмен и така заработил многу пари.
Знаеме од него дека тој бил земјоделец и ситен трговец на мало со земјоделски производи, бизнис во кој го вклучил негов близок роднина.
Но, самиот Заев ни кажа дека Господ го црпнал од нивата. Значи, од нивата! Не кажа дека го црпнал од Дубаи или од некоја кула-висококатница за која полемизираше само за бројот на катови дека не бил најпрецизно кажан. Нити кажа дека го црпнал од некоја луксузна јахта во егејското море, ниту пак од Швајцарија или Туркменистан каде додека беше премиер и потоа градеше згради.
Познато е дека големите пари Заев не ги направи со чесно копање на нива. Знаат земјиделците во Македонија колку може да се заработи од тоа. Ниту од продавање на тезга во Горни Милановац.
Големите пари почнал најпрвин да ги прави кога поврзувајќи се со криминални структури во Струмица работел на почетокот ситна а подоцна и нешто покрупна лихва забранета со закон, а параван била отворената штедилница каде подоцна кога тој стана градоначалник на Струмица, ги праќаше уценетите локални бизнисмени да го предадат митото. И не бирале помали или поголеми кога требало да се даде “евро за Вицето, евро за црквата”, па и извесен Мичо бишкарот го пратиле во штедилницата. Како градоначалник покрај другото беше посветен и на делење стотици тендери на општината на блиски роднини и партиски блиски соработници во Струмица, што уште оддамна еден по еден беа објавени.
Но, така само почна. Потоа продолжи кога уште на почеток на мандатот како премиер сите македонски амбасадори ги внесе во луд натпревар кој повеќе од неговиот ајвар ќе продаде, толку повеќе мандат ќе добие.
Веќе следниот чекор беше директен рекет од компаниите, градежни подизведувачки работи, копање и продавање на јаглен во РЕК Битола и потоа на листата и нема крај.
Вели дека тој не губел време на мене, но јас сум имал вишок време и сум го посветувал на него.
Досега во животот ме напаѓале за многу работи и ми лепеле многу етикети, навистина многу. Единствено нешто што не ме нарекле е дека сум неработник. Не му е нему дали јас работам или не. Нервозата е што ја обелоденувам неговата дволичност, алчност, измамнички дух и навики, и секако неговите измами.
Пепел ја направи државата. Ни пола, ни цело дијаПАзамче не му помага на народот после него да ја преживее агонијата во која ја доведе земјата. “Си го фрли сидрото од скапата јахта на Халкидики за да го одвлече накај Персискиот залив”.
Навистина дел од моите согледувања се можеби посодржајни, а со тоа и поекстензивни, но јас не ни очекувам некој што не може да склопи проширена реченица или мисли дека “рибата смрди од опашката” да може да ги прочита. Не се за оние кои царевите од средновековието ги доживуваат како туристи, на пример, тој беше убеден дека „Цар Самуил је пуно шетао, а и Кирил и Методиј су радили исто такве ствари”.
Не е точно дека тој не пишува за мене. Не сметајќи некое можно попатно странично спомнување, последен мој текст пред овие два деновиве, што се однесувал главно на него е од пре 10 месеци.
Но, божем пензионираниот политичар, а всушност целосно вклучен во политиката од позадина, три недели по ред пишува соопштенија и текстови за прес конференции на СДСМ во кои се занимава со мене.
И потоа два мои текста на иста тема го доболеле.
Таму во СДСМ од доаѓањето на Филипче, една рака пишува соопштенија и текстови за прес конференции. И без информациите кои ги имам, се гледа по стилот, по вокабуларот кој е авторот. Нема во СДСМ дотолку неписмени луѓе да пишуваат такви соопштенија, и толку фрустрирани како Заев, во секое или во секое второ да ме напаѓаат мене со измислени работи, сега одкако десер години веќе не сум премиер.
Кутриот полн со злоба, а празен во главата напаѓајки ме, ми направи и по некој комплимент. Комплимент е на овие години ако не е така, некој коментирајќи го вашиот изглед да изрази убеденост дека истиот е таков заради некакви медицински или козметички интервенции.
Сакал да се покаже и малку вицкаст. Можел да смисли нешто ново од гулаш или ајвар.
Тресењето зелени и лажењето не е македонска традиција, како што ниту „холокаустот не е еврејска традиција” ама кој имал повеќе од четири часа на училиште знае.
Што да кажам на крај, освен „Доста си се чукао и ударао у градима нашима”, модрици ќе ти останат.
Де објасни за бизнисот со марихуана и вмешувањето на американската ДЕА. Де објасни за тендерите во РЕК и стотици криминали со твој потпис.
Кога веќе пишуваш соопштенија и пред конференции на СДСМ формално водена од Филипче, напиши нешто и за тоа.
Објасни како Кацарска ти доаѓаше на рапорт во кабинет за да и ги кажеш затворските казни на политички прогонетите твои политички противници, за што ја награди со титула претседател на уставниот суд.
Јас ли да објаснувам како се прикажуваше дека си спасител пред вознемирените семејства на дел од политички прогонетите, вртејќи пред нив телефони да ослободиш некој од притвор, и силно барајќи за против услуга да имаат лажно сведочење против мене. Испопаѓаа куп предмети досега заради непостоење на докази. Стразбур се чуди што си нарачувал, а ти уште се обидуваш да го командуваш обвинителството и судот.
Бил демократ. Се фалеше дека ќе си го отворел “суството ко пупка”. Демократ кој уапси, стави во притвор и им се закани со 20 години затворски казни на осум пратеници од опозицијата, за да ги принуди да гласаат промена на уставот заради смена на името, и за да ги земе парите кои ќе му го остварат дубајскиот сон додека копал на нивата, и продавал пиперки на пазар.
Иако со поголемо задоцнување, народот “при уши, не се направи слеп” па ве крена на клоци од власта и не знаете каде сте сега. Уште органите на прогонот да не се прават слепи.

 

Поврзани содржини