УСТАВНАТА СУДИЈКА ЈАДРАНКА ДАБОВИЌ-АНАСТАСОВСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Уставниот суд останува со 7 члена

Неофицијално, судијката Дабовиќ-Анастасовска ја поднела оставката од лични причини и се враќа на професорското место на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

0

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе неотповиклива оставка до претседателот на Собранието Африм Гаши, а за тоа се изветени сите пратеници, објави Сдк.мк повикувајќи се на извори во судот.

Според порталот, судијката Дабовиќ-Анастасовска ја поднела оставката од лични причини и се враќа на професорското место на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.






Сега Уставниот суд, кој според закон треба да брои 9 члена, останува со само 7 судии, откако беше разрешена уставната судијка Елизабета Дуковска, а на тоа место не е избран нов уставен судија веќе една година.

Поврзани содржини