ПАРТИЗАН НАЈДЕ НОВ СПОРТСКИ ДИРЕКТОР, ОБРАДОВИЌ УШТЕ СЕ ДУМА Нови потреси во управата на клубот

Легендарниот кошаркарк Жарко Паспаљ е новиот спортски директор кој треба да го спасува српски Партизан. еѓутоа, неизвесноста околу оставката на тренерот, Жељко Обрадовиќ останува најголема тема во српската спортска јавност.

0

Дури во сабота ќе биде познато дали познатиот тренер Жељко Обрадовиќ ќе даде оставка од кормилото на Партизан.

Во меѓувреме, српските медиуми објавија и дека спортскиот директор на клубот ќе биде сменет. Беше потврдено дека Зоран Савиќ добил отказ, додека на негово место, во управата влегува легендарниот кошаркар Жарко Паспаљ. Иако се споменуваа имиња како Новица Величковиќ и Миленко Тепиќ, одлуката на клубот била јасна — Паспаљ е фигурата што треба да ја стабилизира организацијата и да внесе мир во Хумска.






Меѓутоа, неизвесноста околу иднината на Обрадовиќ останува најголема тема во српската спортска јавност. Се очекува утрешниот состанок, закажан за сабота во 11 часот, да го одреди неговиот статус во клубот. Обрадовиќ неодамна ја најави својата оставка, но е под притисок да остане во тимот.

Притоа, вниманието на јавноста вчера беше свртено кон неговото враќање од Атина. Летот на Обрадовиќ од грчката престолнина до Белград стана најследен на светот според податоците на „Флајтрадар“, што е редок феномен дури и за спортски личности од ваков калибар.

Навивачите на Партизан, познати како „Гробари“, во четвртокот, 27 ноември, пречекаа својот тренер на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград со факли, песни и со транспаренти. „Жоц остани“ беше најчесто скандираната порака, во атмосфера која повеќе личеше на прослава отколку на протест.

Според грчкиот весник „Спорт24“, играчот Исак Бонга поставил ултиматум до раководството на црно-белите, кој гласи – „Ако Жељко си замине, и јас си одам“.

Сепак, од друга страна, јасно е дека Обрадовиќ бара суштински промени во структурата на клубот. Неговото барање за оставка на Мијајловиќ беше исполнето во рок од еден ден, сигнал дека кризата во Партизан влегува во нова, клучна фаза.

Српските медиуми објавија и дека на состанок Обрадович побарал од претседателот на клубот Остоја Мијајловиќ да си поднесе оставка.

 

Поврзани содржини