НЕ Е УКИНАТО ЛИНЕАРНОТО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ Уставниот суд информира дека за тоа допрва ќе се одлучува

Во тек е втората фаза од постапката, во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на законот, по што ќе следува конечна одлука, соопшти Уставниот суд.

716

Уставниот суд информира дека не е донесена конечна одлука за линеарното зголемување на пензиите.

„За предметот У.бр.13/2025, за членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој се зголемуваат пензиите, во јавноста познато како линеарно зголемување не едонесена одлука. Судот укажува дека на 24. седница одржана на 19.11.2025 година со мнозинство гласови изрази сомнеж во уставноста на членот 2 од Законот. Во тек е втората фаза од постапката, во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на законот, по што ќе следува конечна одлука“, соопшти Уставниот суд.






Јавноста ќе биде известена кога овој предмет ќе биде ставен на седница за гласање, се додава во соопштението.

„Во врска со прашањата дали Уставниот суд поведе постапка за сите линеарни покачувања кои досега беа исплатени на пензионерите, Судот информира дека нема да ги преиспитува одредбите кои го опфаќаат зголемувањето на пензиите по 2.500 денари (исплатени во септември 2024 и март 2025 година), бидејќи на седницата која се одржа на 19 ноември Судот ја отфрли иницијативата за преиспитување на членовите 3 и 18 кои го регулираа тоа прашање, поради фактот што истите беа од темпорален карактер и не се повеќе дел од правниот промет“, соопшти Уставниот суд.

Премиерот Христијн Мицкоски денеска во Собрранието рече дека според неговите информаии одлуката за укинување на линеарното покачување на пензиите е донесена и потпишана.

НЕПРАВДА ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ, ЌЕ ЗЕМААТ ПОМАЛА ПЕНЗИЈА Уставниот суд и Кацарска го укинаа линеарното зголемување, откри Мицкоски

Поврзани содржини