СО АНКЕТНАТА КОМИСИЈА ЌЕ СЕ УТВРДИ КАДЕ ЗАТАИЛ СИСТЕМОТ Собранието има обврска да ги рачисти нејаснотиите, вели Ласовска

Денеска ние излеговме со предлог и доколку ние навистина сакаме и целата јавност да го расчистиме овој случај нека се допотпишат на нашата иницијатива и како зрели возрасни луѓе и политичари треба да ја одржиме таа Анкетна комисија бидејќи јавноста бара одговори за сите овие случаи и ние како општество генерално треба да дадеме одговори за сите овие случаи, каде затаил системот и кој бил виновен, вели во ТВ гостување пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска

0

Во вечерашната емисија „Само вистина” на Канал 5 телевизија гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска која истакна дека со иницијативата за формирање на Анкетната комисија ќе бидат утврдени околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во државата, како за последната во дискотеката Пулс, така и за Модуларната болница во Тетово, Дурмо турс и сообраќајната несреќа на Беса Транс.

– Денеска ние излеговме со предлог и доколку ние навистина сакаме и целата јавност да го расчистиме овој случај нека се допотпишат на нашата иницијатива и како зрели возрасни луѓе и политичари треба да ја одржиме таа Анкетна комисија бидејќи јавноста бара одговори за сите овие случаи и ние како општество генерално треба да дадеме одговори за сите овие случаи, каде затаил системот и кој бил виновен. Никогаш не е доцна да ги извадиме одговорите на површина и одговорноста – вели Ласовска.






Пратеничката Ласовска посочи дека целта не е политизација на трагедиите туку идентификација на вистинските виновници и порача дека Собранието има обврска да ги расчисти сите нејаснотии, бидејќи јавноста очекува одговорност и транспарентност.

– Сметам дека ние како Собрание мораме тоа да го направиме. Денеска ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ излеговме со прес – конференција, немаме намера апсолутно никого да заштитуваме за една таква ужасна трагедија и колективна болка, нема потреба никого да криеме, напротив треба одговорите да ги виде јавноста. Не смееме ние како држава да дозволиме да има неодговорени прашања за вакви катастрофални состојби. Треба да бидеме заедно, да направиме заеднички заклучоци, се надевам тоа нема да биде дневна политика, ова трагедија не заслужува да биде дневна политика, ниту другите претходно. Треба на виделина да ги извадиме сите виновни – рече Ласовска.

Поврзани содржини