УШТЕ ИМА ВРЕМЕ ДА СЕ ИСПЛАТИ К-15 Најнискиот износ е 18.141 денар
Административците, за разлика од вработените во приватниот сектор, до крајот на годината можат да очекуваат регрес за годишен одмор во висина од 12.372 денари.
Работниците кои во текот на годината не добија регрес за годишен одмор (К-15) можат да се надеваат на најмалку 18.141 денари што е законскиот минимум кој треба да се исплати по октомври.
Согласно законот, минималната сума за исплата на регрес за годишен одмор, е утврден на 40% од просечната тримесечна исплатена плата. Компаниите можат да утврдат и повисок износ на регрес за годишен одмор, но и понизок доколку имаат потешкотии во работењето, односно се во загуба, под услов на тоа да се согласи синдикатот во компанијата. Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците.
Во приватниот сектор по октомври износот на К-15 е 18.141 денар, додека, пак, во јавниот сектор регресот за годинава е утврден на 12.372 денари.
Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината, а последен ден на исплата на регресот е 31 декември.
Ако вработените не го добијат законскиот минимум за К-15, можат да пријават во Синдикатот или во Државниот инспекторат за труд.
Лани оваа обврска ја исполнија повеќе од 40.000 работодавачи.
| Регрес за годишен одмор | |
| период | износ |
| 01.01.-20.01.2025 г. | 16.641 |
| 21.01.-20.02.2025 г. | 16.763 |
| 21.02.-20.03.2025 г. | 17.028 |
| 21.03.-21.04.2025 г. | 17.150 |
| 22.04.-21.05.2025 г. | 17.292 |
| 22.05.-19.06.2025 г. | 17.449 |
| 20.06.-22.07.2025 г. | 17.768 |
| 23.07.-21.07.2025 г. | 18.134 |
| 22.08.-22.09.2025 г. | 18.229 |
| 23.09.-21.10.2025 г. | 18.205 |
| 22.10.- | 18.141 |