НЕ ЗАСТАНАЛА НИТУ ПО ПЕНЗИЈА, СИ ДЕЛЕЛА ПЛАТИ Директорка во Здравствениот дом во Делчево инкасирала 6.532 евра

М.Г., која има 70 години, е осомничена дека ја злоупотребила службената положба додека била директорка на установата.

926

Директорка во Здравствениот дом во Делчево продолжила да работи и по навршувањето 67 години и си делела плати, оштетувајќи го буџетот за 6.532 евра.

М.Г., која има 70 години, е осомничена дека ја злоупотребила службената положба додека била директорка на установата. Според полицијата, таа во периодот од 9 јануари до 28 април 2022 година продолжила со работа и по исполнување на условите за пензија, спротивно на Законот за работни односи и на Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствена заштита за време на вонредна состојба.






Полицијата поднела кривична пријава до надлежното обвинителство, кое ќе ја разгледа постапката и ќе одлучи дали ќе биде покренато обвинение против пријавената.

 

Поврзани содржини